За вашето здравје

Што може да биде поважно од здравјето и благосостојбата?

Терминот „health“ (здравје)" доаѓа од староанглискиот збор „hale“, што значи „целoсно или да се биде здрав или да се чувствува добро". „Wellness“ е филозофија на животот, која има холистички пристап, односно, која го гледа здравјето како целина, земајќи ја предвид состојбата на умот, како и нашата физичка состојба.

Здравјето е под влијание на многу нешта кои можат да бидат надвор од нашата контрола, како што се: местото каде што живееме, состојбата на нашата животна средина, нашите гени, приходите, односите со луѓето околу нас , образованието, итн. Сепак, она што го ставаме во и врз нашите тела, секојдневната физичка активност што ја правиме и како се справуваме со стресот, игра важна улога во оддржувањето на нашата физичка и ментална благосостојба.

Затоа, најважно е да се информираме за тоа како можеме да постигнеме и одржиме оптимална здравствена состојба и благосостојба од сите аспекти на нашиот живот.


Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::getTitle() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 164

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::parserIcon() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 283

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::getTitle() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 164

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::parserIcon() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 283

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::getTitle() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 164

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::parserIcon() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 283

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::getTitle() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 164

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::parserIcon() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 283

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::getTitle() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 164

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::parserIcon() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 283

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::getTitle() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 164

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::parserIcon() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 283

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::getTitle() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 164

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::parserIcon() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 283

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::getTitle() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 164

Deprecated: Non-static method modLofAccordionHelper::parserIcon() should not be called statically in /home/jasscomm/public_html/prirodnakozmetika.mk/modules/mod_lofaccordion/helper.php on line 283
 
интимна иритација

интимна иритација

Почетните студии покажаа дека една третина од жените со симптоми на вагинални чешања и болки или непријатен вагинален исцедок може да искусат симптоми на вулвален дерматит или интимна иритација. Понатамошното истражување покажа дека 75% од гинеколозите во Велика Британија веруваат дека конвенционалната хигиенска заштита може да биде причина за интимна иритација.

Студијата беше спроведена меѓу 40 британски гинеколози со понатамошно истражување спроведено и од нивните канадски колеги.

Податоците покажаа дека 26% од гинеколози кои учествуваа во студијата забележале значително зголемување на симптомите на пациентите кои страдаат од интимна иритација во времето на нивниот менструален циклус, јасно имплицирајќи ја хигиенската заштита како фактор предизвикувач на нивните симптоми.

Покрај тоа, речиси 4 од 5 испитувани гинеколози увиделе дека пациентите кои страдаат од интимна иритација се чувствителни на синтетички ткаенини, хигиенски производи и на прибор за лична хигиена, а 50% од нив препорачуваат употреба на природна хигиенска заштита без хемикалии, која ќе помогне во ублажување на симптомите.

Приказната е иста и во Северна Америка., со 67% од гинеколозите кои им препорачуваат на пациентите да се префрлат на природна хигиенска заштита за да се ублажат нивните симптоми.

Г-дин „David Nunns“, консултант гинеколог во Градската болница во Нотингам вели: „Иритацијата е многу често прашање меѓу жените во Велика Британија и многу често погрешно се толкува како кандидијаза. Оваа студија покажала дека експерти гинеколози од целиот свет знаат дека хигиенската заштита може да биде предизвикувач во поттикнувањето на вулвална иритација и препорачувааат да се премине на природна заштита без химикалии за да се ублажат симптомите кои се проблем на многу жени.“

Повеќето комерцијални брендови на хигиенски влошки, секојдневни хигиенски влошки и тампони содржат многу синтетички материјали што многу жени не се свесни за тоа. На пример, во санитарните влошки се очекува да се најде памук, но она што се користи за да ги произведат често е комбинација од материјал базирани на пластика од нафтени деривати, како што се полиетилен, полипропилен, полиакрилатен супер апсорбентен гел, сурфактанти и дрвна пулпа белена со хлор како и повремено мириси и конзерванси со парабени.

Тампони најчесто се изработени од високо апсорбентен рајон или комбинација на конвенционално одгледуван памук и рајон и се белени со хлор. Некои брендови, исто така, врвката за повлекување ја бојат во розова или сина боја, користејки тешки метални бои, создавајќи дополнителен проблем за жените алергични на метали, како што е зголемената алергија на никел. Загриженоста од процесот на белење со хлор кој се користи во произведството е несаканиот нус производ наречен диоксин, кој се поврзува со појавата на рак, ендометриоза, намалување на бројноста на сперматозоидите и намален имунитет.

* студиите се спонзорирани од Natracare

 
eндометриоза

eндометриоза

„Ендометриозата е хормонално и имуно заболување во кое ткивото кое обично ја покрива матката расти и се наоѓа на други невообичаени места во телото. Ендометриозата е една од водечките причини за болки во карличниот дел и може да предизвика неплодност, хистеректомија и зголемен ризик од развој на одредени видови на рак.

Диоксинот е во директна корелација со зголемената појава на ендометриоза, според Студија 1 од 1992 година спроведена на резус мајмуни изложени четири години на TCDD. Мајмуните покажале имунолошки абнормалности слични на оние забележани кај жени со ендометриоза." - Асоцијација за ендометриоза.

Важно е да се дијагнотицира ендометриозата во рана фаза за да е спречи оштетувањето на репродуктивниот систем.

Во 1999 година, „Osamu Tsutsumi“, професор по гинекологија во Универзитетска болница во Токио-Јапонија, изврвршил тестови за ефектите на диоксинот врз човековиот репродуктивен систем, кои покажале дека тестирани жените кои страдаат од ендометриоза имале високи нивоа на диоксин во телото.

Една нова студија поврзана со два забранети пестициди се пронајдени во крвта на жените со зголемен ризик од ендометриоза. Студија 2

Студија 1 - „S.E. Rier et al. Endometriosis in Rhesus Monkeys (Macada Mulatta) Following Chronic Exposure to 2,3,7,8-Tetrachlorodibenzo-p-dioxin. Fundamental and Applied Toxicology 21, 433-441 (1993)“.

Студија 2 - „K. Upson et al. Organochlorine Pesticides and Risk of Endometriosis: Findings from a Population-Based Case–Control Study. Environmental Health Perspectives 121, 1319-24 (2013).“

Поврзување:
Endometriosis UK
The Endometriosis Association
Endometriosis and Fertility Clin

 
Синдром на токсичен шок

Синдром на токсичен шок

Синдромот на токсичен шок „TSS“ („Toxic Shock Syndrome“) е ретка но фатална болест предизвикана од одреден тип на бактерии кои произведуваат токсини во телото. Симптомите на „TSS“ многу брзо се манифестираат и често се тешки. Менструалниот „TSS“ е поврзан со употребата на супер апсорбенти и синтетички материјали во тампоните.1

Резултатите од студијата објавена во „The Journal of Infectious Diseases in Obstetrics and Gynaecology“, укажуваат на тоа дека со употреба на 100% памучни тампони може да се намали ризикот од синдромот на токсичен шок во споредба со тампоните кои содржат рајон. Списанието наведува дека "Зачестеноста на пријавени случаи на синдромот на токсичен шок е намален, бидејќи се отстранети високо апсорпционите влакна од тампоните, како што се полиакрилатен рајон, полиестер и карбоксиметил-целулоза „CMC“ („carboxymethyl-cellulose“). Меѓутоа, болеста продолжува да се појава кај младите менструални жени и со поновите помалку апсорбенти тампони изработени од вискозен рајон со или без памук. "

Студијата беше спроведена на 20 различни видови тампони, вклучувајќи ги и тампоните на Natracare кои се 100% од памук. Заклучокот е дека при употреба на целосно памучни тампони не се произведуваат опасни токсини од бактеријата „Staphylococcus aureus“, за разлика од другите тампони каде се произведуваат токсини.

Со цел да се напредува во познавањата поврзани со менструалното здравје, Natracare со гордост го прифаќа независно истражување, за да им се даде можност на жените да го направат вистински избор на хигиенска заштита, базиран на претходни информации. Natracare смета дека жените треба да продолжат да останат будни и да се запознаат со симптомите на „TSS“. Пред користење на тампоните, внимателно прочитајте го упатството за тампоните кое се наожа во пакувањето.

Симптомите на „TSS“ може да се пројават оддеднаш и било кога за време на менструацијата. Симптомите кои се наведени подолу, можно е сите да не се пројават истовремено.

Симптоми:

  • ненадејна треска (390C или повеќе)
  • гадење или повраќање
  • дијареа
  • главоболка
  • воспалено грло
  • вртоглавица
  • дезориентација или губење свест
  • осип кој наликува на изгореници од сонце (лупење на кожата може да се појави во наредните денови)
  • болка во мускулите

Доколку имате било кој од овие симптоми, мора веднаш да го остранете тампонот и да не ги користете повеќе.Побарајте брза медицинска помош и информирајте го вашиот лекар дека имате менструација и дека се сомневате на „TSS“.

1 P.M. Tierno Jnr, B.A. Hanna, Propensity of Tampons and Barrier Contraceptives to Amplify Staphylococcus Aureus Toxic Shock Syndrome Toxin. Journal of Infectious Diseases in Obstetrics and Gynaecology 2, 140-145 (1994).

 
Загуба на влакна

Загуба на влакна

Конвенционалниот тампон (десно) е типичен пример за тампон изработен од рајон, кој загуби многу влакна во текот на стандардниот тест со натопување. Во текот на истиот тест, тампонот на Natracare остана непроменет.
Кликни овде да го видете видеото за демострација

 

Загубата на влакна од тампоните може да предизвикаат проблеми

Во однос на прашањето за загубата на влакна, Natracare се залагаше од 90-тите години, како резултат на загриженоста на корисниците на тампони и влошки.

Конвенционалните тампони изработени претежно од рајон со мал процент на конвенционален памук или изработени од 100% рајон, беа најлошите преставници за загуба на влакна.

Производителите кои првично ја негираа загубата на влакна, брзо преминаа во ставање на обвивка од синтетички материјал околу нивните тампони за да го спречат внатрешното јадро од распаѓање на влакна. Изборот на материјал за обвивка, сепак, беше полипропилен, материјал добиен од нафта. Ова, донекаде ја намали загубата на влакна, но не ја искорени во целост.

Natracare немаат проблем со загубата на влакна бидејќи тампоните се изработени од 100% органски памук, со брановидна форма на влакна кои лесно се врзуваат, за разлика од рајонот кој, како кај правата коса, не се заплеткува заедно. Поради ова, влакната од рајон лесно се раздвојуваат задржувајќи се во вагината. Освен прашањето поврзано со хигиенската заштита, бидејки влакната остануваат во вагината, исто така постојат импликации и за бактериска колонизација која може да предизвика вагинална инфекција.

Бидејќи Natracare користи само сертифициран органски памук во тампоните, во правењето на апликатор стил тампоните треба да се пришие врвката за повлекување на тампонот. За да се изработи ова, се користи обвивка изработена од сертифициран органски 100% памук..

 
Белење со хлор

Белење со хлор

Белењето со хлор создава нуспроизвод наречен диоксин кој има исклучително штетни ефекти врз животната средина и се поврзува со нарушување на здравјето. Диоксинот е познат карциноген и се пронаоѓа во производи кои се белен со било кој тип на хлор белило. Која било состојка, која започнува со буквите „хлор“ („chloro“) сугерира на присуство на органохлорини („organochlorine“).

Органохлорините се содржани во многу употребувани производи кои можеме да ги најдеме во нашите продавници како што се: растворувачи, пестициди, пластика, средства за дезинфекција, пластична амбалажа и производи од пулпа и хартија белени со хлор како тоалетна хартија, пелени за бебиња за еднократна употреба, хартија за раце и во многу женски хигиенски производи.

Елементарниот хлор за белење (исто така наречени како хлорен гас) е хлор кој се користи во процесот на белење кој произведува и испушта во животната средина огромни количини на канцерогени токсини, меѓу нив диоксини и фурани. Тој е евтин гас за производство и широко се користи во индустријата за производство на пулпа.

Елементарно белење без хлор (исто така познато како без хлор). Овој процес на белење не е без хлор во целост, туку значи дека не се кристи хлорен гас во процесот на белење! Ова не ја исклучува употребата на друг вид на хлор во процесот на белење. Лесно можете да се збуните кога производителите си играат со јазикот за да се направи забуна.

Исто така, производите изработени од рециклирана хартија не може да бидат без хлор, бидејќи рециклираната хартија е преработена пулпа од оригинална пулпа која претходно била белена со хлор, па затоа ќе останат остатоци од хлор во рециклираните производи од хартија.

„TCF“ - „totally chlorine free“ - целосно без хлор
Овој метод на прочистување и за белење ја исклучува употребата на диоксин кој се создадава од хлорот. Наместо тоа, се користи воден/кислороден процес за уништување на сите бактерии во памукот или пулпата, што резултира со прочистување и белење на материјалот. Материјалот потоа темелно се исплакнува, суши и се подготвува додека не се постигне бараната pH вредност. Ова е единствениот метот на прочистување и за белење што го користи Natracare.
 
Пластика- Супер апсорбентен полиакрилат „SAP“

Пластика- Супер апсорбентен полиакрилат „SAP“

Сликата ги прикажува надуените зрна од супер апсорбентен полиакрилат „SAP“ („Super Absorbent Polyacrylate“), кои се користат во една конвенционална хигиенска влошка. Тие се изработени од сурова нафта.

Полиакрилатот, исто така, е познат како „SAP“ („Super Absorbent Polyacrylate“ - супер апсорбентен полиакрилат). Тој е нафтен деривати и познат иритант. Најчесто се користи во конвенционалните хигиенски влошки како кристали, кои апсорбираат голема количина на течност која станува како гел материја.

Околу 90% од сите суперапсорбентни материјали се користат за еднократна употреба, од кои повеќето завршуваат во депонии или се спалуваат создавајки огромен еколошки проблем кој е дури поголем од нафтената пластика која се користи во таквите производи.

Конвенционалните хигиенски и секојдневни влошки, влошки за инконтиненција, пелени за бебиња како и некои „природни“ брендови на вакви производи, користат полиакрилати за подобрување на апсорпцијата на нивните производи.

Комерцијалното производство на суперапсорбентни полимери започнало во Јапонија во 1978 година за примена во хигиенски влошки. Во 80-тите, со користење на суровини добиени од сурова нафта, европските производители ги подобриле полимерите, така што тие сега апсорбираат 30 пати повеќе од сопствената тежина под притисок. До средината на 90-тите години, производството на „SAP“ („Super Absorbent Polyacrylate“ - супер апсорбентен полиакрилат) се зголеми на неверојатни 700 милиони тони. Околу 75% се користат за производство на пелени за бебиња, 10% за влошки за инконтиненција, 10% во хигиенските влошки, а остатокот за други намени.

Супер апсорберите или се расфрлани во слој на пенеста пулпа или се вградени во еден компресиран воздушен материјал кој е составен од пенеста пулпа, латекс, акрилни врзива и лепило.

Ако ја погледнете сликата погоре, ќе видите дека надуениот гел ја држи течноста во цврста и еластична состојба која ја спречува течноста од протекување.

Од овие причини, Natracare не користи полиакрилатни супер апсорбери во било кој од своите производи. Наместо тоа, се користи материјал базиран на скроб кој е биоразградлив и не предизвикува алергии.

 
Диоксини

Диоксини

Загадувањето со диоксин е сериозен проблем за луѓето и животната средина.

Диоксинот е токсичен канцероген кој е нуспроизвод на сите методи на белење со хлор и се наоѓа во животната средина во различни нивоа, како нуспроизвод од прскање со пестициди и загадување од печките. Диоксинот трајно се таложи во масните клетки на животните, вклучувајќи ги и луѓето и затоа жените треба да бидат сериозно загрижени.

Објавените научни извештаи покажаа дека и ниските нивоа на диоксин може да се поврзат со појавата на рак, ендометриоза, намалување на бројноста на сперматозоидите и намален имунитет. Со оглед на тоа дека жената во нејзиниот живот може да употреби 11.000 тампони, таа дополнително е изложена на диоксин

 
Пестициди

Пестициди

Конвенционаниот памук е култура со најголема застапеност на пестици на планетата. Хербицидите и пестицидите се класифицирани како постојани органски загадувачи (POPs) од кои како нуспроизвод се добиваат диоксини и фурани.

Постојаните органски загадувачи (POPs) се подвижни и се пронајдени на Јужниот и Северниот Пол и во океаните низ светот. Ваквите супстанции се привлкуваат од масните ткива на луѓето и животните каде што се акумулираат. Тие не се дегенерират и ќе останат во почвата, воздухот и водата уште многу долг временски период.

Според информациите објавени од страна на Светската здравствена организација (WHO) ризиците од диоксинот врз здравјето и животната средина вклучуваат рак, дијабетес, срцеви заболувања, висок крвен притисок и оштетување на црниот дроб.

online bookies