CORTINAT крема 75 ml

Природно решение за СУВА, ИСПУКАНА И ВОСПАЛЕНА КОЖА (ЕКЗЕМИ – ОСИПИ – ЕРИТЕМИ)
 

Против иритации, антиоксидативно и регенеративно дејство. Интезивно го намалува црвенилото, чешањето, сувоста и испуканоста кај осетливата и надразнета кожа. Ја негува и ја враќа неопходната хидратација и еластичност на кожата.

Кортинат кремата е со висока концентрација на растителни активни состојки, иновативен производ кој се карактеризира со значајна активност на екстрактот од сладок корен („Glycyrrhiza glabra“) од кој е добиена 18-β-глицеринска киселина што се користи во оваа формулација. Екстрактот од бакопа („Bacopa мonnieri“) во содејство со маслото од оризови трици, бисаболол и алантоин, делуваат против иритации, интезивно го намалуваат црвенилото и ја смируваат и регенерираат кожата. Идеална е при проблеми и оштетувања на кожата настанати од надворешни влијанија како што се ветерот, сонцето и загадувањето, или при иритации настанати од хемикалии. Кремата е наменета за возрасни, деца и бебиња (0 месеци).

Кортинат кремата не содржи кортикостероиди, алергени, парабени, PEG (полиетилен гликол) и нафтени деривати (парафин, вазелин, ...).
 

Употреба:

УПОТРЕБА:
Од 0 месеци
Само за надворешна употреба. Нанесете на иритирани места на кожата на телото или лицето и нежно тријте до целосно апсорбирање (2-3 пати на ден или почесто по потреба, во континуитет (без пауза) сė до подобрување на состојбата на кожата).

Предупредувања:

Да се чува на суво и темно место. Да не се нанесува на отворени рани, опекотини и слузокожа. Во случаи на преосетливост на кожата на било која компонента на производот, да се прекине со употреба.

ЦЕНА:

Пакување: 75 ml, Цена: 670,00 ден. Шифра: 00593


 

 

online bookies