Жените денес се свесни од потребата да го ограничат контактот на нивната кожа со синтетички материјали, материјали кои предизвикуваат кожни иритации и други непотребни хемикалии и додатоци. Ова е причината зашто Natracare сертифицираните органски 100% памучни тампони се високо ценети од страна на жените заради нивната удобност, сигурна заштита, грижа и одговорност кон нашата животна средина.

Тампоните на Natracare целосно се изработени од сертифициран органски 100% памук. Тие се достапни во различни варијанти на апсорпција, со или без апликатор, за да одговараат на вашиот менструален циклус и личниот изборот.

Сите производи се целосно без хлор и жените може да се уверат дека тампоните на Natracare не содржат синтетички материјали, како што се рајон и полипропилен или хемикалии како што се сурфактанти, мириси, бои или лубриканти. Изборот на целосно сертифициран органски памук го отстранува ризикот од директна изложеност на остатоци од хемиски пестициди, вештачки ѓубрива, дефолианти и фунгициди кои најчесто се користи за конвенционално одгледуван памук.

Тампоните на Natracare целосно се изработени само од сертифициран органски 100% памук и се први во светот целосно сертифицирани органски памучни тампони од Светскиoт стандард за органски текстил „GOTS“ („Global Organic Textile Standard“).

Независно истражување, спроведено на Медицинскиот факултет при њујоркшкиот Универзитетот, укажува дека употребата на 100% памучни тампони може да го намали ризикот од синдромот на токсичен шок „TSS“ („Toxic Shock Syndrome“) во споредба со тампоните кои содржат рајон. Natracare 100% памуните тампони беа вклучени во ова истражување заедно со сите други достапни брендови на пазарот кои се изработени исклучиво од 100% влакна од рајон или мешавина од рајон и памучни влакна.

  • зошто Natracare тампони

    Жените денес се свесни од потребата да го ограничат контактот на нивната кожа со синтетички материјали, материјали кои предизвикуваат кожни иритации и други непотребни хемикалии и додатоци. Ова е причината зашто Natracare сертифицираните органски 100% памучни тампони се високо ценети

    Read More
  • зошто Natracare хигиенски влошки

    Органските и природни принципи на Natracare и овозможуваат на жената удобна и сигурна заштита, како и грижа за нашата животна средина.

    Хигиенските влошки се изработени од сертифициран органски 100% памук и природни целулозни материјали добиени од обновливи извори и преку

    Read More
  • зошто Natracare за секој ден

    Органските и природни принципи на Natracare и овозможуваат на жената удобни и сигурни производи кои може да ги користите секој ден како дел од вашата лична хигиена и како дел од вашата лична програма за одржување на свежина.

    Секојдневните хигиенски

    Read More
  • зошто Natracare секојдневни хигиенски влошки

    Со секојдневните хигиенски влошки на Natracare имате сертифициран органски 100% памук на вашата кожа. Тие се целосно без пластика од нафтени деривати и никогаш не се белени со хлор. Natracare обезбедува органски и природен избор за жените, помагајќи им да

    Read More
  • зошто Natracare за родилки

    Наградуваните Natracare хигиенски влошки за доилки и хигиенски влошки за родилки се специјално дизајнирани за новите мајки, се изработени од органски и природни материјали, целосно без хлор и пластика.

    Многу производи за доилки кои се достапни на пазарот содржат синтетички

    Read More
  • зошто Natracare влажни марамчиња

    Нашата кожа постојано е изложена на токсични хемикалии и иританти од животната средина која не опкружува, како и од голем број на производи кои претежно се изработени од материјали добиени од нафтени деривати како што се полипропилен или вискоза белена

    Read More
  • сертификација

    Симболот на „ Soil Association organic “ гарантира дека производот кој е означен со овој сертификат е со високи органски стандарди.

    Повеќе информации за „ Soil Association organic “ на: http://www.soilassociation.org

    Памукот кој се употребува во производите на Natracare е

    Read More
  • 1