Со секојдневните хигиенски влошки на Natracare имате сертифициран органски 100% памук на вашата кожа. Тие се целосно без пластика од нафтени деривати и никогаш не се белени со хлор. Natracare обезбедува органски и природен избор за жените, помагајќи им да избегнат синтетички материјали како рајон, пластика како што се полиетилен и полипропилен, белење со хлор кое ослободува токсични диоксини, супер апсорберите добиени од нафтени деривати, латекс и кожни иританти и хемикалии како што се мириси и бои, кои се присутни во многу други женски хигиенски производи.
Многу гинеколози ги советуваат жените со чувствителна кожа да ги користат хигиенските влошки на Natacare за да го ограничат контактот на нивната кожа со материјали белени со хлор, со призводи кои содржат синтетички материјали, латекс и супер апсорбенти изработени од нафтени деривати.
Секоја година, милијарди пластични хигиенски влошки се отстрануваат од жените. Повеќето од овие влошки се изработени од над 90% пластика добиена од сурова нафта која продолжува трајно да ја загадува глобалната животна средина. Општо земено пластичниот отпад завршува во депониите и океаните во светот, предизвикувајќи трајно видливо загадување и оштетување на водниот свет и на крајот на синџирот на исхраната. Избирајќи Natracare, ви велите НЕ на пластиката добиена од нафтени деривати.