Органските и природни принципи на Natracare и овозможуваат на жената удобни и сигурни производи кои може да ги користите секој ден како дел од вашата лична хигиена и како дел од вашата лична програма за одржување на свежина.
Секојдневните хигиенски влошки се изработени од сертифициран органски 100% памук и природни целулозни материјали добиени од обновливи извори и преку 99% биоразградливи и „compostable“. Тие се целосно без хлор и 100% без пластика хигиенски влошки кои се природен избор за жените, помагајќи им да избегнат синтетички материјали како рајон, пластика како што се полиетилен и полипропилен, белење со хлор кое ослободува токсични диоксини, супер апсорберите добиени од нафтени деривати, латекс и кожни иританти и хемикалии како што се мириси и бои, кои се присутни во многу други женски хигиенски производи.
Меките и цвсти влажни марамчиња на Natracare од органски памук се натопени со органски и природни растителни екстракти и се без детергенти, парабени, формалдехиди, конзерванси и други слични хемикалии. Бидејќи Natracare не користи животински состојки ниту пак врши тестирање на животни, тие се погодни за „vegan“. Заради ваша спокојност и задржување на долгогодишните поставени норми за квалитет, влажните марамчиња се дерматолошки тестирани само на доброволци.