Нашата кожа постојано е изложена на токсични хемикалии и иританти од животната средина која не опкружува, како и од голем број на производи кои претежно се изработени од материјали добиени од нафтени деривати како што се полипропилен или вискоза белена со хлор.
Многу од влажните марамчиња кои се широко достапни содржат груби пенести агенси како натриум лаурил сулфат „SLS“(„sodium lauryl sulphate“), конзерванси како феноксиетанол кој е поврзан со дерматитис и парабени кои од неодамна се означени како загрижувачки за здравјето. Парабените, вклучувајќи ги метил, пропил, бутил и етил парабен, се само една од големата група на токсични хемикалии кој никој не знае за тоа кои се вистинските долгорочни ефекти ако тие се користат секодневно на кожата.
Бидејќи Natracare не користи животински состојки ниту пак врши тестирање на животни, тие се погодни за „vegan“. Заради ваша спокојност и задржување на долгогодишните поставени норми за квалитет, влажните марамчиња се дерматолошки тестирани само на доброволци.
Влажните марамчиња за интимна нега на Natracare се изработени од органски памук за да можат жените да ги користат како дел од нивната секојдневна навика за одржување на интимна хигиена, особено за време на менструалниот циклус и како дополнителна комоција кога патуваат. Овие меки и цврсти марамчиња се изработени од сертифициран органски 100% памук, натопени со органски сертифицирани есенцијални масла од камилица, невен и француска роза и со природни растителни екстракти кои целосно ја чистат, освежуваат и омекнуваат кожата.