Жените денес се свесни од потребата да го ограничат контактот на нивната кожа со синтетички материјали, материјали кои предизвикуваат кожни иритации и други непотребни хемикалии и додатоци и се повеќе трагаат по комфор, високи перформанси, спокојност и интегритет. Ова е главната причина зошто сите Natracre органски и природни производи се високо ценети од страна на жените заради нивната удобност, сигурна заштита, грижа и одговорност спрема животната средина.

Многу гинеколози ги советуваат жените со чувствителна кожа да ги користат производите на Natacare за да го ограничат контактот на нивната кожа со материјали белени со хлор, со призводи кои содржат синтетички материјали, латекс и супер апсорбенти изработени од нафтени деривати.

Производите на Natracare се изработени од сертифицирани органски и природни растителни материјали кои се без хемикалии и додатоци, биоразградливи, како и сертифицирани дека не се тестирани на животни. Natracare никогаш нема да направи компромис за квалитетот и сигурноста, ќе продолжи да применува модерен начин на размислување за употреба на природни материјали и пронаоѓање на паметно и исплатливо решение за да се задржи доверливоста и докажаноста на името Natracare. Компанијата Natracare e целосно псветена на подобрување на личното здравје и здрава животната средина и верува во избалансиран еколошки управуван начин на живеење.

Сите производи се целосно без хлор и жените може да бидат сигурни дека производите на Natracare не содржи било какви синтетички материјали или додадени хемикалии како што се сурфактанти, мириси, бои или лубриканти. Избирајќи само целосно сертифицирани органски памук се отстранува ризикот од директна изложеност на кожата на остатоци од хемиски пестициди, вештачки ѓубрива, дефолианти и фунгициди кои најчесто се користат во конвенционално одгледуваниот памук.

Секоја година, милијарди пластични хигиенски влошки се отстрануваат од жените. Повеќето од овие влошки се изработени од над 90% пластика добиена од сурова нафта која продолжува трајно да ја загадува глобалната животна средина. Општо земено пластичниот отпад завршува во депониите и океаните во светот, предизвикувајќи трајно видливо загадување и оштетување на водниот свет и на крајот на синџирот на исхраната. Избирајќи Natracare, ви велите НЕ на пластиката добиена од нафтени деривати.

Многу од влажните марамчиња кои се широко достапни содржат груби пенести агенси како натриум лаурил сулфат „SLS“(„sodium lauryl sulphate“), конзерванси како феноксиетанол кој е поврзан со дерматитис и парабени кои од неодамна се означени како загрижувачки за здравјето. Парабените, вклучувајќи ги метил, пропил, бутил и етил парабен, се само една од големата група на токсични хемикалии кој никој не знае за тоа кои се вистинските долгорочни ефекти ако тие се користат секодневно на кожата.

Natracare влажни марамчиња од органски памук се со висок квалитет, безбедни, сигурни и изработени од органски и природни растителни состојки кои се без хемикалии и токсични конзерванси.

  • зошто Natracare тампони

    Жените денес се свесни од потребата да го ограничат контактот на нивната кожа со синтетички материјали, материјали кои предизвикуваат кожни иритации и други непотребни хемикалии и додатоци. Ова е причината зашто Natracare сертифицираните органски 100% памучни тампони се високо ценети

    Read More
  • зошто Natracare хигиенски влошки

    Органските и природни принципи на Natracare и овозможуваат на жената удобна и сигурна заштита, како и грижа за нашата животна средина.

    Хигиенските влошки се изработени од сертифициран органски 100% памук и природни целулозни материјали добиени од обновливи извори и преку

    Read More
  • зошто Natracare за секој ден

    Органските и природни принципи на Natracare и овозможуваат на жената удобни и сигурни производи кои може да ги користите секој ден како дел од вашата лична хигиена и како дел од вашата лична програма за одржување на свежина.

    Секојдневните хигиенски

    Read More
  • зошто Natracare секојдневни хигиенски влошки

    Со секојдневните хигиенски влошки на Natracare имате сертифициран органски 100% памук на вашата кожа. Тие се целосно без пластика од нафтени деривати и никогаш не се белени со хлор. Natracare обезбедува органски и природен избор за жените, помагајќи им да

    Read More
  • зошто Natracare за родилки

    Наградуваните Natracare хигиенски влошки за доилки и хигиенски влошки за родилки се специјално дизајнирани за новите мајки, се изработени од органски и природни материјали, целосно без хлор и пластика.

    Многу производи за доилки кои се достапни на пазарот содржат синтетички

    Read More
  • зошто Natracare влажни марамчиња

    Нашата кожа постојано е изложена на токсични хемикалии и иританти од животната средина која не опкружува, како и од голем број на производи кои претежно се изработени од материјали добиени од нафтени деривати како што се полипропилен или вискоза белена

    Read More
  • сертификација

    Симболот на „ Soil Association organic “ гарантира дека производот кој е означен со овој сертификат е со високи органски стандарди.

    Повеќе информации за „ Soil Association organic “ на: http://www.soilassociation.org

    Памукот кој се употребува во производите на Natracare е

    Read More
  • 1