Синдромот на токсичен шок „TSS“ („Toxic Shock Syndrome“) е ретка но фатална болест предизвикана од одреден тип на бактерии кои произведуваат токсини во телото. Симптомите на „TSS“ многу брзо се манифестираат и често се тешки. Менструалниот „TSS“ е поврзан со употребата на супер апсорбенти и синтетички материјали во тампоните.1
Резултатите од студијата објавена во „The Journal of Infectious Diseases in Obstetrics and Gynaecology“, укажуваат на тоа дека со употреба на 100% памучни тампони може да се намали ризикот од синдромот на токсичен шок во споредба со тампоните кои содржат рајон. Списанието наведува дека "Зачестеноста на пријавени случаи на синдромот на токсичен шок е намален, бидејќи се отстранети високо апсорпционите влакна од тампоните, како што се полиакрилатен рајон, полиестер и карбоксиметил-целулоза „CMC“ („carboxymethyl-cellulose“). Меѓутоа, болеста продолжува да се појава кај младите менструални жени и со поновите помалку апсорбенти тампони изработени од вискозен рајон со или без памук. "
Студијата беше спроведена на 20 различни видови тампони, вклучувајќи ги и тампоните на Natracare кои се 100% од памук. Заклучокот е дека при употреба на целосно памучни тампони не се произведуваат опасни токсини од бактеријата „Staphylococcus aureus“, за разлика од другите тампони каде се произведуваат токсини.
Со цел да се напредува во познавањата поврзани со менструалното здравје, Natracare со гордост го прифаќа независно истражување, за да им се даде можност на жените да го направат вистински избор на хигиенска заштита, базиран на претходни информации. Natracare смета дека жените треба да продолжат да останат будни и да се запознаат со симптомите на „TSS“. Пред користење на тампоните, внимателно прочитајте го упатството за тампоните кое се наожа во пакувањето.
Симптомите на „TSS“ може да се пројават оддеднаш и било кога за време на менструацијата. Симптомите кои се наведени подолу, можно е сите да не се пројават истовремено.
Симптоми:
- ненадејна треска (390C или повеќе)
- гадење или повраќање
- дијареа
- главоболка
- воспалено грло
- вртоглавица
- дезориентација или губење свест
- осип кој наликува на изгореници од сонце (лупење на кожата може да се појави во наредните денови)
- болка во мускулите
Доколку имате било кој од овие симптоми, мора веднаш да го остранете тампонот и да не ги користете повеќе.Побарајте брза медицинска помош и информирајте го вашиот лекар дека имате менструација и дека се сомневате на „TSS“.
1 P.M. Tierno Jnr, B.A. Hanna, Propensity of Tampons and Barrier Contraceptives to Amplify Staphylococcus Aureus Toxic Shock Syndrome Toxin. Journal of Infectious Diseases in Obstetrics and Gynaecology 2, 140-145 (1994).