
Полиакрилатот, исто така, е познат како „SAP“ („Super Absorbent Polyacrylate“ - супер апсорбентен полиакрилат). Тој е нафтен деривати и познат иритант. Најчесто се користи во конвенционалните хигиенски влошки како кристали, кои апсорбираат голема количина на течност која станува како гел материја.
Околу 90% од сите суперапсорбентни материјали се користат за еднократна употреба, од кои повеќето завршуваат во депонии или се спалуваат создавајки огромен еколошки проблем кој е дури поголем од нафтената пластика која се користи во таквите производи.
Конвенционалните хигиенски и секојдневни влошки, влошки за инконтиненција, пелени за бебиња како и некои „природни“ брендови на вакви производи, користат полиакрилати за подобрување на апсорпцијата на нивните производи.
Комерцијалното производство на суперапсорбентни полимери започнало во Јапонија во 1978 година за примена во хигиенски влошки. Во 80-тите, со користење на суровини добиени од сурова нафта, европските производители ги подобриле полимерите, така што тие сега апсорбираат 30 пати повеќе од сопствената тежина под притисок. До средината на 90-тите години, производството на „SAP“ („Super Absorbent Polyacrylate“ - супер апсорбентен полиакрилат) се зголеми на неверојатни 700 милиони тони. Околу 75% се користат за производство на пелени за бебиња, 10% за влошки за инконтиненција, 10% во хигиенските влошки, а остатокот за други намени.
Супер апсорберите или се расфрлани во слој на пенеста пулпа или се вградени во еден компресиран воздушен материјал кој е составен од пенеста пулпа, латекс, акрилни врзива и лепило.
Ако ја погледнете сликата погоре, ќе видите дека надуениот гел ја држи течноста во цврста и еластична состојба која ја спречува течноста од протекување.
Од овие причини, Natracare не користи полиакрилатни супер апсорбери во било кој од своите производи. Наместо тоа, се користи материјал базиран на скроб кој е биоразградлив и не предизвикува алергии.