Конвенционаниот памук е култура со најголема застапеност на пестици на планетата. Хербицидите и пестицидите се класифицирани како постојани органски загадувачи (POPs) од кои како нуспроизвод се добиваат диоксини и фурани.
Постојаните органски загадувачи (POPs) се подвижни и се пронајдени на Јужниот и Северниот Пол и во океаните низ светот. Ваквите супстанции се привлкуваат од масните ткива на луѓето и животните каде што се акумулираат. Тие не се дегенерират и ќе останат во почвата, воздухот и водата уште многу долг временски период.
Според информациите објавени од страна на Светската здравствена организација (WHO) ризиците од диоксинот врз здравјето и животната средина вклучуваат рак, дијабетес, срцеви заболувања, висок крвен притисок и оштетување на црниот дроб.