Конвенционалниот тампон (десно) е типичен пример за тампон изработен од рајон, кој загуби многу влакна во текот на стандардниот тест со натопување. Во текот на истиот тест, тампонот на Natracare остана непроменет.
Кликни овде да го видете видеото за демострација

 

Загубата на влакна од тампоните може да предизвикаат проблеми

Во однос на прашањето за загубата на влакна, Natracare се залагаше од 90-тите години, како резултат на загриженоста на корисниците на тампони и влошки.

Конвенционалните тампони изработени претежно од рајон со мал процент на конвенционален памук или изработени од 100% рајон, беа најлошите преставници за загуба на влакна.

Производителите кои првично ја негираа загубата на влакна, брзо преминаа во ставање на обвивка од синтетички материјал околу нивните тампони за да го спречат внатрешното јадро од распаѓање на влакна. Изборот на материјал за обвивка, сепак, беше полипропилен, материјал добиен од нафта. Ова, донекаде ја намали загубата на влакна, но не ја искорени во целост.

Natracare немаат проблем со загубата на влакна бидејќи тампоните се изработени од 100% органски памук, со брановидна форма на влакна кои лесно се врзуваат, за разлика од рајонот кој, како кај правата коса, не се заплеткува заедно. Поради ова, влакната од рајон лесно се раздвојуваат задржувајќи се во вагината. Освен прашањето поврзано со хигиенската заштита, бидејки влакната остануваат во вагината, исто така постојат импликации и за бактериска колонизација која може да предизвика вагинална инфекција.

Бидејќи Natracare користи само сертифициран органски памук во тампоните, во правењето на апликатор стил тампоните треба да се пришие врвката за повлекување на тампонот. За да се изработи ова, се користи обвивка изработена од сертифициран органски 100% памук..

  • интимна иритација

    Почетните студии покажаа дека една третина од жените со симптоми на вагинални чешања и болки или непријатен вагинален исцедок може да искусат симптоми на вулвален дерматит или интимна иритација. Понатамошното истражување покажа дека 75% од гинеколозите во Велика Британија веруваат дека конвенционалната хигиенска заштита може да биде причина за интимна иритација.

    Студијата беше спроведена меѓу 40 британски гинеколози со понатамошно истражување спроведено и од нивните канадски колеги.

    Податоците покажаа дека 26% од гинеколози кои учествуваа во студијата забележале значително зголемување на симптомите на пациентите кои страдаат од интимна иритација во времето на нивниот менструален циклус, јасно имплицирајќи ја хигиенската заштита

    Read More
  • eндометриоза

    „Ендометриозата е хормонално и имуно заболување во кое ткивото кое обично ја покрива матката расти и се наоѓа на други невообичаени места во телото. Ендометриозата е една од водечките причини за болки во карличниот дел и може да предизвика неплодност, хистеректомија и зголемен ризик од развој на одредени видови на рак.

    Диоксинот е во директна корелација со зголемената појава на ендометриоза, според Студија 1 од 1992 година спроведена на резус мајмуни изложени четири години на TCDD. Мајмуните покажале имунолошки абнормалности слични на оние забележани кај жени со ендометриоза." - Асоцијација за ендометриоза.

    Важно е да се дијагнотицира ендометриозата во рана фаза

    Read More
  • Синдром на токсичен шок

    Синдромот на токсичен шок „TSS“ („Toxic Shock Syndrome“) е ретка но фатална болест предизвикана од одреден тип на бактерии кои произведуваат токсини во телото. Симптомите на „TSS“ многу брзо се манифестираат и често се тешки. Менструалниот „TSS“ е поврзан со употребата на супер апсорбенти и синтетички материјали во тампоните. 1

    Резултатите од студијата објавена во „The Journal of Infectious Diseases in Obstetrics and Gynaecology“, укажуваат на тоа дека со употреба на 100% памучни тампони може да се намали ризикот од синдромот на токсичен шок во споредба со тампоните кои содржат рајон. Списанието наведува дека "Зачестеноста на пријавени случаи на синдромот

    Read More
  • Загуба на влакна

    Конвенционалниот тампон (десно) е типичен пример за тампон изработен од рајон, кој загуби многу влакна во текот на стандардниот тест со натопување. Во текот на истиот тест, тампонот на Natracare остана непроменет.
    Кликни овде да го видете видеото за демострација

     

    Загубата на влакна од тампоните може да предизвикаат проблеми

    Во однос на прашањето за загубата на влакна, Natracare се залагаше од 90-тите години, како резултат на загриженоста на корисниците на тампони и влошки.

    Конвенционалните тампони изработени претежно од рајон со мал процент на конвенционален памук или изработени од 100% рајон, беа најлошите преставници за загуба на влакна.

    Производителите кои

    Read More
  • Белење со хлор

    Белењето со хлор создава нуспроизвод наречен диоксин кој има исклучително штетни ефекти врз животната средина и се поврзува со нарушување на здравјето. Диоксинот е познат карциноген и се пронаоѓа во производи кои се белен со било кој тип на хлор белило. Која било состојка, која започнува со буквите „хлор“ („chloro“) сугерира на присуство на органохлорини („organochlorine“).

    Органохлорините се содржани во многу употребувани производи кои можеме да ги најдеме во нашите продавници како што се: растворувачи, пестициди, пластика, средства за дезинфекција, пластична амбалажа и производи од пулпа и хартија белени со хлор како тоалетна хартија, пелени за бебиња за еднократна употреба,

    Read More
  • Пластика- Супер апсорбентен полиакрилат „SAP“

    Сликата ги прикажува надуените зрна од супер апсорбентен полиакрилат „SAP“ („Super Absorbent Polyacrylate“), кои се користат во една конвенционална хигиенска влошка. Тие се изработени од сурова нафта.

    Полиакрилатот, исто така, е познат како „SAP“ („Super Absorbent Polyacrylate“ - супер апсорбентен полиакрилат). Тој е нафтен деривати и познат иритант. Најчесто се користи во конвенционалните хигиенски влошки како кристали, кои апсорбираат голема количина на течност која станува како гел материја.

    Околу 90% од сите суперапсорбентни материјали се користат за еднократна употреба, од кои повеќето завршуваат во депонии или се спалуваат создавајки огромен еколошки проблем кој е дури поголем од нафтената пластика која се

    Read More
  • Диоксини

    Загадувањето со диоксин е сериозен проблем за луѓето и животната средина.

    Диоксинот е токсичен канцероген кој е нуспроизвод на сите методи на белење со хлор и се наоѓа во животната средина во различни нивоа, како нуспроизвод од прскање со пестициди и загадување од печките. Диоксинот трајно се таложи во масните клетки на животните, вклучувајќи ги и луѓето и затоа жените треба да бидат сериозно загрижени.

    Објавените научни извештаи покажаа дека и ниските нивоа на диоксин може да се поврзат со појавата на рак, ендометриоза, намалување на бројноста на сперматозоидите и намален имунитет. Со оглед на тоа дека жената во нејзиниот

    Read More
  • Пестициди

    Конвенционаниот памук е култура со најголема застапеност на пестици на планетата. Хербицидите и пестицидите се класифицирани како постојани органски загадувачи (POPs) од кои како нуспроизвод се добиваат диоксини и фурани.

    Постојаните органски загадувачи (POPs) се подвижни и се пронајдени на Јужниот и Северниот Пол и во океаните низ светот. Ваквите супстанции се привлкуваат од масните ткива на луѓето и животните каде што се акумулираат. Тие не се дегенерират и ќе останат во почвата, воздухот и водата уште многу долг временски период.

    Според информациите објавени од страна на Светската здравствена организација (WHO) ризиците од диоксинот врз здравјето и животната средина вклучуваат

    Read More
  • 1