Загадувањето со диоксин е сериозен проблем за луѓето и животната средина.
Диоксинот е токсичен канцероген кој е нуспроизвод на сите методи на белење со хлор и се наоѓа во животната средина во различни нивоа, како нуспроизвод од прскање со пестициди и загадување од печките. Диоксинот трајно се таложи во масните клетки на животните, вклучувајќи ги и луѓето и затоа жените треба да бидат сериозно загрижени.
Објавените научни извештаи покажаа дека и ниските нивоа на диоксин може да се поврзат со појавата на рак, ендометриоза, намалување на бројноста на сперматозоидите и намален имунитет. Со оглед на тоа дека жената во нејзиниот живот може да употреби 11.000 тампони, таа дополнително е изложена на диоксин