Белењето со хлор создава нуспроизвод наречен диоксин кој има исклучително штетни ефекти врз животната средина и се поврзува со нарушување на здравјето. Диоксинот е познат карциноген и се пронаоѓа во производи кои се белен со било кој тип на хлор белило. Која било состојка, која започнува со буквите „хлор“ („chloro“) сугерира на присуство на органохлорини („organochlorine“).
Органохлорините се содржани во многу употребувани производи кои можеме да ги најдеме во нашите продавници како што се: растворувачи, пестициди, пластика, средства за дезинфекција, пластична амбалажа и производи од пулпа и хартија белени со хлор како тоалетна хартија, пелени за бебиња за еднократна употреба, хартија за раце и во многу женски хигиенски производи.
Елементарниот хлор за белење (исто така наречени како хлорен гас) е хлор кој се користи во процесот на белење кој произведува и испушта во животната средина огромни количини на канцерогени токсини, меѓу нив диоксини и фурани. Тој е евтин гас за производство и широко се користи во индустријата за производство на пулпа.
Елементарно белење без хлор (исто така познато како без хлор). Овој процес на белење не е без хлор во целост, туку значи дека не се кристи хлорен гас во процесот на белење! Ова не ја исклучува употребата на друг вид на хлор во процесот на белење. Лесно можете да се збуните кога производителите си играат со јазикот за да се направи забуна.
Исто така, производите изработени од рециклирана хартија не може да бидат без хлор, бидејќи рециклираната хартија е преработена пулпа од оригинална пулпа која претходно била белена со хлор, па затоа ќе останат остатоци од хлор во рециклираните производи од хартија.