Органски сертифициран производ од „Soil Association“.

Овие меки и нежни марамчиња за чистење се наменети за жените да ги користат како дел од нивната секојдневна интимна хигиена, особено за време на менструалниот циклус и како дополнителна комоција кога патуваат.

Natracare меките и цврсти марамчиња се изработени од сертифициран органски 100% памук, натопени со органски сертифицирани есенцијални масла од камилица, невен и француска роза и со природни растителни екстракти кои целосно ја чистат, освежуваат и омекнуваат кожата.


Овие моќни марамчињата се изработени само од природни материјали и се:

  • Без алкохол
  • Без синтетички материјали и други суровини од нафтени деривати
  • Без детергенти како што се: натриум лаурил сулфат (SLS- sodium lauryl sulphate) и било кои на него сродни детергенти
  • Без парабени и без MIT (methylisothiazolinone)
  • Без SHG (Sodium Hydroxymethylglycinate) и други видови на токсични материи
  • Без феноксиетанол и формалдехиди

Памукот е органски сертифициран во согласност со GOTS („Global Organic Textile Standard“ - Светски стандард за органски текстил).

Бидејќи Natracare во својот состав не користи животински материи, ниту пак врши тестирања на животни, марамчињата се "vegan" . Тие се дерматолошки тестирани само на луѓе волонтери.
Natracare органските памучни влажни марамчиња се без штетни состојки, не се белени со хлор и се целосно биоразградливи.

Количина: 12 марамчиња во едно пакување.