За употреба во пост породилниот период.

Natracare екстра меките, екстра долгите, густи и апсорпциони хигиенски влошки за родилки, изработени од сертифициран органски памук и природни апсорбенти, се идеални за комплетна удобност и безбедност во деновите по породувањето, кога деликатната кожа треба да биде заштитена од иритирачки синтетички материјали.

Natracare хигиенските влошки за родилки се екстра долги при што даваат самодоверба и безбедна заштита во случај на обемно крварење кое е вобичаено после породувањето. Мекото и нежно апсорбирачко јадро изработено од пулпа целосно без хлор, врши брза апсорпција и целосно ги отстранува течностите при што меката и сертифицирана органска 100% памучна покривка овозможува вашата кожа слободно да дише, да остане сува и да нема контакт со синтетички материјали.

Бидејќи Natracare хигиенските влошки за родилки се 100% без пластика, биоразградливи и „compostable“, вие исто така се грижите и за иднината на животната средина во која ќе расте вашето дете.

Количина: 10 влошки во едно пакување.