Секојдневните хигиенски влошки ТАНГА на Natracare се со крилца и се наменети за танга долна облека.
Овие секојдневни влошки, изработени од сертифициран органски памук целосно без хлор, растителна целулоза и без пластика, овозможуваат вашата деликатна кожа слободно да дише и да остане сува.

Како и сите Natracare производи и овие секојдневни хигиенските влошки се:

  • Изработени од органски и природни одржливи материјали
  • Без белење со хлор „TCF“ (целосно без хлор)
  • Без пластика, синтетички материјали и други суровини од нафтени деривати
  • Без полиакрилатни супер апсорбери „SAP“
  • Без парфеми и вештачки бои
  • Биоразградливи и „compostable“

Памукот е органски сертифициран во согласност со GOTS („Global Organic Textile Standard“ - Светски стандард за органски текстил).


Може да се користат секојдневно како заштитна подлога, особено ако вашата долна облека е изработена од модерни синтетички материјали и ако сакате да бидете сигурни дека имате само органски памук директно на вашата кожа.

Овие секојдневни хигиенски влошки исто така се корисни за дополнителна заштита во случај кога користите тампони, кога патувате или ако користите препишани креми .

Количина: 30 влошки во едно пакување.

Други секојдневни хигиенски влошки: МИНИ и УЛТРА ТЕНКИ.