Нашите херои од природа - ЛОГОНА активни состојки

Производите на ЛОГОНА го одразуваат бујното богатството на природата. Било да е тоа ружа за свиленкасто мека кожа, бобинки од волчји трн за природна заштита од стареење или мед кој на косата и дава блескав сјај. Без оглед на тоа дали тие се користат како масло, екстракт или мирис, растенијата од кои што се добиени потекнуваат од контролирано органско производство или се саморастечки растенија. Заедно, тие се обединуваат за да формираат активни соединенија со врвен квалитет кои ја негуваат кожата, косата и телото со најдоброто од природата.

Подолу се дадени дел од активните состојки кои се употребуваат во Логона производите, присутни во производите кои се увезуваат на македонскиот пазар:

Природен ефект за заштита од стареење

Се верува дека дури и Вавилонците ги познавале здравствените придобивки од јаболкото. Витамините, ензимите и минералите имаат позитивен ефект на телото дедека пектинската содржина се поврзува со ензимите забрзувајки го процесот на клеточна регенерација. Дури и срцевината содржи неверојатна моќ: активната состојка добиена од семките има одличен ефект против брчки.

Одлична грижа за кожата

Со својот корен долг 6 метри оваа грмушка е способна да ги издржи и најекстремните температури во американските и мексиканските пустини. Јојоба маслото кое се добива од семето на растението е богато со провитамин А, витамин Е и многу други минерали. Уникатната содржина на масни киселини го прави одлична состојка во производите за нега на кожата. Јојоба маслото има измазнувачки и хидратантен ефект.

Природна влажност

Се сметало дека легендарната Клеопатра се грижела за својата кожа со екстракт од "крин/солза на пустината- lily of the desert " и со добра причина: екстрактот кој се добива од складираната вода од листовите на алое, се бори со иритациите и има скапоцен заздравувачки ефект. Исто така, придонесува за заздравување на изгореници од сонце и е малку УВ-отпорен.

Витамини за кожата

Ова тропско овошје е вистинска витаминска бомба, богато е со безброј минерали и микроелементи, калциум и магнезиум. Покрај ова, ананасот не само што е екстремно корисен за здравјето туку се докажал како непроценлив во подобрување на природната убавина. Ензимите кои ги содржи ананасот се покажале непроценливи во забрзување на разградувањето на мртвите клетки (синтеза на колаген) и зголемување на способноста на кожата да ја задржи влагата.

Се бори против слободни радикали.

Аргановото дрво вирее во Мароко и Алжир. Со векови неговиот плод бил користен за да се добие арганово масло-екслузивна состојка за разубавување со повеќе од 80% линолејска и олеинска киселина-незаситени масни киселини. Фитостеролите кои што се содржат во аргановото масло екстремно ги подобруваат виталните функции на кожата. Аргановото масло го стимулира растот на нови клетки додека истовремено ја мазни кожата и ја одржува мека и еластична. Антиоксидантите кои аргановото масло ги содржи во голем број се борат против слободните радикали и претставуваат непресушен извор за вечна убавина.

Нежна нега на кожата

Бадемовото дрво е едно од најстарите одгледувани дрва на светот. Со потекло од Кина, бадемовото дрво постепено се носело на запад од трговците. Според некои легенди, лебот на фараоните од Египет им бил приготвуван со бадем. Бадемовото масло е неверојатно корисно за кожата бидејќи е многу нежно, лесно се апсорбира и има хранлив и измазнувачи ефект.

За свиленкасто мека кожа

Растението од Gramineae фамилијата се смета за симбол на долговечност во Кина, а во Јапонија за симбол на чистота. Поради неговите позитивни карактеристики бамбусот е популарна состојка во козметиката. Бамбусот ја подобрува еластичноста на кожата и ја прави мека и мазна, подобрувајки ја нејзината способност да рефлектира светлина. Сокот од бамбус содржи висока содржина на силициум важна хранлива материја за телото особено за кожата и коските.

Богати со заштитни витамини

Бобинките од волчји трн се со светло портокалова или со сончево жолта боја. Количината на витамин Ц која ја содржат е неколку пати поголема од онаа содржана кај портокалот или лимонот. Високото ниво антиоксиданси во овој плод силно учествува во антивоспалителните процеси и на тој начин и помага на кожата да изгледа подолго помлада. Ја зголемува еластичноста на кожата и ја оддржува мека и флексибилна. Има и смирувачки и заздравувачки ефект.

За кожа и коса

Благодарение на белата боја на нејзината кора, брезата се издвојува помеѓу сите други листопадни дрва. Поради тоа што скромното дрво не бара посебни климатски или почвени услови многу е често во северна и источна Европа. Дури и неандерталците знаеле како да ги искористат уникатните карактеристики на брезата: ја екстрахирале смолата од кората и ја користеле како лепак во изработката на оружје. Лисјата од брезата исто така имаат посебни карактеристики: богати се со витамин Ц и есенцијални масла. Го подобрува тенот, има заздравувачки ефект, ја стимулира циркулација и дава боја. Пастелниот сок од бреза е посебно корисен за косата правејки ја сјајна и свиленкасто мека.

За подмладување на кожата и косата

Надвор од неговата азиска татковина, брокулата била долго време непозната. Претседателот Томас Џеферсон самиот ја донел во Америка во 18-ти век и ја насадил на неговата фарма како експеримент. Во денешни времиња бролокулата ужива голема популарност поради високата вредност на минерали, калиум, калциум и витамини. Корисните состојки во брокулите ја зголемуваат еластичноста и флексибилноста на кожата, а на косата и даваат убав сјај.

Ја смирува иритираната кожа

Вербената е донесена во Европа од нејзиниот дом во Јужна Америка во 18-тиот век. Денес, свежата или сушена вербена е одличен зачин во кулинарството. Ја смирува иритираната кожа и ја прави мазна и хидрирана.

Природна заштита од стареење

Во Кина, лекувачката моќ на гинкгото се користи веќе преку илјада години. Флавоноидите кои се соджат во гинкгото се особено корисни за кожата. Овие фитохемикалии ја штитат кожата од слободните радикали кои го забрзуваат процесот на стареење на кожата. Гинкгото исто така ја зајакнува кожата правејки ја цврста и подобрувајки ја циркулацијата и нејзиниот метаболизам.

Ценет илјадници години

Како дел од "nightshade" фамилијата, овие црвени топчиња во некои делови од светот се познати како "wolfberries", а во други делови како гоџи. Во Кина гоџи бобинките се интегрален дел од традиционалната медицина веќе 3.000 години, a многу се ценети поради нивните стимулирачки и регенеративни способности. Гоџи бобинките се богати со витамини и минерали, како железо, магнезиум и калциум и ги штитат клетките преку високото ниво на антиоксиданси кои исто така ги содржат.

Високо ефективен ловец на слободни радикали

Од сите вкусни видови на грозје, црвеното грозје е најбогато со активни состојки. Лушпата и семките изобилуваат со антиоксидативни олигомери процианидини, кои се одлични ловци на слободните радикали. Со оглед на високата содржина на линолејска и линоленејска кислина (есенцијални масни кислеини), маслото од семки од грозје има хидратантна моќ и е особено корисно за сува кожа.

Го прочистува тенот

Нејзиното латинско име ги потенцира позитивните ефекти на ова растение. Жалфијата потекнува од името "salvere" кое преведено на македонски значи заздравува. Дури и античките Римјани биле свесни за лековитата моќ на жалфијата, поради значителната содржина на есенцијални масла. Жалфијата го прочистува тенот и има антивоспалителни, антиперспиративни и антибактериски ефекти.

Сјај и боја за вашата коса

К'ната расте во северна и источна Африка, но и во поголемите делови од Азија. Потребнa е многу светлина и топлина за да вирее. Во oриенталните држави со векови се уживало во прекрасниот мирис на к'ната. Веројатно поради нејзиниот мирис, к'ната грмушка е многу популарно градинско растение. Лисјата се користат за приготвување на пудра, која од дамнешни времиња се користела за цртање по телото, или за обојување на косата. Индиго е боја помеѓу темно сина и виолетова и е добиена од листовите на ова растение. Потекнувајки во источна Азија и Индија, ова растение е донесено во Европа преку Египет и бргу го заземало местото на другите сретства кои пред него се користеле за обојување. К'ната и индиго листовите интензивно ја бојат и хранат косата.

Кафеавото злато за мазна кожа

Астеките ги сметале различните зрна какао за подарок од боговите и ги ценеле како свети. Во 19-ти век, шпанците го донеле кафеавото злато назад во Европа каде луѓето ги уживале неговите различни форми од тогаш па се до денес. Многу корисниот какао путер се добива со толчење на какао зрната и поради тоа што се топи на телесна температура е популарна состојка во производите за лична нега. Какао путерот лесно се апсорбира од кожата и има измазнувачки и хидратантен ефект.

Борец против слободните радикали

Симбол на боговите во грчката митологија. Калинката денес се користи во гастрономијата, медицината и козметиката. Семето е богато со бета каротин, минерали и има висока содржина на флавоноиди и есенцијални масни киселини. Семето од калинката ја прави кожата цврста и ги намалува брчките. Со својот единствен спектар на масни киселини ги собира штетните слободни радикали..

Медицинско растение на годината за 2002

Ова нежно растение од "aster" фамилијата било прогласено за најдобро медицинско растение во Германија, a исто така ја носи и титулата медицинско растение за 2002 година. Камилицата не е само корисна како чај, туку е вистински дар за кожата: има смирувачко антиинфламаторно и антисептично дејство и помага за побрзо заздравување на раните.

За свежа, ревитализирана кожа

Причината зошто кафето е стимулант се објаснува со неговата кофеинска содржина. Освен како расонувач наутро, кофеинот се користи и во природната козметика за да го стимулира метаболизмот на кожата и да ја подобри циркулацијата.

Нега со пријатен мирис

Од средината на јуни, ова слатко овошје со мека лушпа зрачи со неодолив мирис на зрелост. Можеби токму овој мирис го инспирирал Шекспир да го искористи како афродизијак во неговата книга “Midsummer Night’s Dream”. Кајсиите имаат поголемо ниво на провитамин А од кое било друго овошје. Маслото добиено од семката на кајсијата содржи околу 65% незаситени масни киселини кои ја прават кожата мека, мазна и блескава.

Тропско овошје за блескава убавина

Симбол на тропските плажи и привлечни далечни места -кокосово дрво. Берењето кокоси на големи височини не е едноставна работа, сепак под тврдата кора на овошјето кокосовото месо и вода содржат безброј делотворни особини. Кокосовото млеко кое што се добива со гмечење, не само што има одличен вкус туку и ја прави кожата чудесно мазна и мека. Кокосовото масло исто така се добива од месото на овошјето. Благодарение на големата содржина на заситени масни киселини, неговите примени се многу разноврсни. Кокосовот масло и обезбедува на кожата и косата исклучителна хидратација и неодоливо тропски мирис.

Сјај за вашата коса

Постојат само неколку региони на планетава каде копривата не вирее. Покрај непријатното чувство при допир, растението има многу да понуди: високо ниво на минерали, флавоноиди, железо, витамин А и Ц и слично. Како состојка во производите за нега на коса, копривата е ефикасна во третманот против првут и косопад и на косата и додава сјај.

Нежно ја зајакнува кожата

Германските народи сметале дека липата била свето дрво. Потоа, селската липа станала главно место за средба во многу места. Додека сувите цветови на липата се ценат поради смирувачкиот ефект кој го има чајот од нив, тие можат да имаат и екстремно позитивен резултат во производите за разубавување. Го зајакнува и подобрува тенот и ја смирува иритацијата.

Богат со витамин Е

Растението со неверојатно леплива главичка е важен дел од традиционалната народна медицина, а од неодамна стана важна состојка и во козметиката. Маслото добиено од магарешки трн е богато со витамин Е и бета каротин како и со незаситени масни киселини. Ја стимулира циркулацијата, исклучително ја храни кожата и го балансира нејзиниот метаболизам.

Витаминска бомба за кожата

Маслиновото дрво се одгледува уште од 4-тиот минениум п.н.е. Иако за ова дрво треба долго време за да порасне, тоа живее стотици години. Маслото добиено од плодовите на дрвото е здрав прехрамбен продукт, има висока концентрација на есенцијални масни кислеини и поради тоа е значително корисно за сувата кожа. Маслиновото масло е богато со полифеноли, кои се одлични во борбата против слободните радикали. Добро се апсорбира и има хидратантен, смирувачки и лековит ефект.

Ја смирува кожата

Маточината го добила своето име од цитрусната овошна арома што се добива од нејзините листови. Растението може да живее до 30 години. Со оглед на ароматичниот вкус на листовите, маточината се користи во кулинарството. Има балансирачки, заштитен, смирувачки и антибактериски ефект на кожата.

Сладок разубавувач

Различни видови на шеќери, минерали, ензими и витамини, може да се најдат во природниот засласувач во кој човековата раса ужива уште од каменото време. Во стар Египет медот се сметал за храна на боговите и едно грне вредело колку цело магаре. Хипократ, основачот на модерната медицина, го препорачувал медот на учесниците во Олимписките игри со цел да ја подобрат физичката подготвеност. Медот е добар и за кожата и косата бидејки има антивоспалителен и антисептичен ефект. Косата добива убав сјај.

Нежно и длабинско чистење

Минералната глина овозможува интензивно чистење на косата и со тоа овозможува бојата подобро да навлезе во влакното. Белата глинена прав нежно ја отстранува нечистотијата и вишокот масло од кожата, притоа добивајки нежно и длабинско чистење.

Природна свежина

Широко распространето низ Европа, ова растение е лесно за препознавање благодарејки на неговиот свеж мирис. Точно овој свеж мирис со висока содржина на ментол го прави ова растение поразлично од другите и меѓу најупотребуваните растенија во медицината. Пеперминтот ја стимулира циркулацијата и има свеж,освежителен и антисептичен ефект. Во стоматолошката хигиена се користи нешто поблага форма на пеперминт.

Смирувач и антисептик

Широко одгледуван низ Европа, невенот го добива името поради неговите сјајни златни цветови. Како симбол на грациозност, љубов и убавина, невенот бил користен за правење на љубовни напитоци во средниот век. Денес се цени заради неговиот смирувачки, противоспалителен, антисептичен и регенеративен ефект.

Високо вреднувана состојка за убавина

Папајата припаѓа во фамилијата на "melon tree" растенија и името и е дадено од јужноамериканските Аравак индијанци. Плодот е богат со амино киселини и дијапазон на ензими, од кои папаинот е најважен. Овој протеолитички ензим го има само во папајата и тој ја поттикнува природната регенерација на кожата.

Повеќе волумен за вашата коса

Денес сеуште е нејасно кога точно пијалокот од хмељ за прв пат бил приготвен. Сепак е документирано дека дури Римјаните и Египќаните биле запознати со пивото, а египетските жени ја користеле пената од пивото како третман за убавина над 2.000 години. Поради високата содржина на витамини и минерали, пивото станува популарна природна состојка во производите за лична нега, обезбедувајки прекрасен волумен на коса.

За послушна, заштитена коса

Кога пченичното брашно се произведува, лушпите кои остануваат несомелени се сметаат за отпадок. Но овие лушпи се многу повеќе од само отпадок, бидејки се богати со фибрини, минерали и витамини. Екстрактот добиен од нив е исклучително ефикасен во спречувањето на електрицитетот на косата. Пченичниот протеин е активна состојка од пченичното брашно што се добива кога ќе се отстрани скробот. Како активна состојка во производите за коса, пченичниот протеин формира заштитен слој околу прамените на косата и со тоа ја заштитува косата од надворешните штетни влијанија. Освен тоа, ја прави косата и попослушна. Пченичниот протеин ја подобрува долготрајната хидратација и заздравувањетото на раните, а кожата ја прави црвста.

Нежна грижа за кожата

Силно поздравената ружа е неоспорно кралица на сите цвеќиња. Нејзиниот сензуален мирис ги маѓепсува сетилата и нејзиниот делотворен ефект ја милуваат кожата. Го прочистува изгледот на кожата и има смирувачки, балансирачки, прочистувачки, зајакнувачки и освежувачки ефект. Пупката на цветот на "Damascus rose" исто така обезбедува софистицирана нега за кожата, екстрактот од листовите има измазнувачки, противоспалителен и заздравувачки ефект. Исто така ја хидрира, освежува и чисти кожата. Дивата ружа која не се одгледува како билка, е богата со незаситени масни кислеини, кои го прочистуваат изгледот на кожата и имаат заздравувачки ефект.

Прочистува и против бактерии

Грмушката чие поетско име е “солза од морето”, ја сака топлата клима на Медитеранот. Долго време пред да биде користена како кулинарска билка, ароматичната зимзелена грмушка била употребувана во медицината од страна на фармацевтите. Покрај прочистувачкиот и антибактериски ефект, рузмаринот ја стимулира циркулацијата и го регулира лачењето на себацеалните жлезди.

Го спречува предвременото стареење

Слаткиот корен може да достигне и до два метри височина. Името го добило од Грчкиот јазик и буквално значи сладок корен. Всушност слатката течност добиена од неговиот корен често се користела во медицината во античките времиња. Антиоксидниот ефект на неговиот корен е многу значаен во козметиката бидејки е првокласен заштитник од слободни радикали. Има и антивоспалителен, смирувачки и антиалергиски ефект и ги подобрува заштитните механизми на кожата.

Антисептична смола

Заедно со златото и темјанот, смирната се смета дека е еден од даровите за Исус од Трите Кралеви. Вредната смола добиена од ова дрво била многу ценета и од египетските фараони. Денес, не само што е позната смирната по нејзиниот карактеристичен и ароматичен мирис, туку и смолата добиена од неа се користи како полнач за брчки од висок квалитет бидејки ја остава кожата мазна. Смирната има и антивоспалителен и антисептичен ефект.

Моќна против првутот

Брилијантните сино-црни зрна растат на зимзелената смрека. Ова дрво е исклучително прилагодливо на различни климатски услови, па затоа е и доста често во различни климатски зони, од северната хемисфера од субарктичката тундра па се до пустините во Америка. Освен како зачин во прехраната, зрната на смреката се користат и за добивање џин. Маслото добиено од дрвото на смреката се користи како моќно средство против првутот, а има и антимикробен ефект.

Ја прави кожата мазна и цврста

Античките Римјани и Египјани го ценеле сусамот уште од дамнешни времиња. Семето од сусамовото растение е погодно не само за користење во кулинарството туку и за нега на кожата. Маслото кое се екстрахира од сусамовите зрна ја прави кожата мазна и цврста, ја хидрира и кожата станува прекрасно мека.


За цврста, прочистена кожа

Додека на есен повеќето растенија се подготвуваат за долгата и студена зима, хамамелисот е целосно расцветан. Дури и старите индијанци ја славеле исклучителната моќ на хамамелисот кој ја заздравува кожата, го намалува воспалението и го прочистува тенот.

За оптимална влажност

Хијалуронската киселина се добива преку биотехнолошки процес и е многу ефикасно хидрирачко средство бидејки може да апсорбира повеќе вода од било која друга супстанца. Хијалуронската киселина освен што ја апсорбира водата остава и корнеоцитен слој на кожата, борите се пополнуваат и кожата станува мека и мазна.

Природна хидратација

Во неговата татковина саваните во Африка, ши дрвото се смета како свето дрво. Во некои легенди се вели дека само жените смееле да го одгледуваат ова дрво, а сечењето на ова растение било строго забрането. Во содржината на плодот има повеќе од 50% масти и затоа од него се добива екстра квалитетен путер за кожата, светски познат заради хидратантниот и измазнувачки ефект кој и го дава на кожата.

Водич и лексикон за суровините

За повеќе информации за состојките во нашите производи, консултирајте ја брошурата "Водич и лексикон за суровините”. Едноставно превземете го тука.