СЕРТИФИЦИРАНА ПРИРОДНА ОРГАНСКА КОЗМЕТИКА

Ако не е природно - не е кај нас!

  Една индијанска поговорка вели: „Во растенијата може да се пронајде сета моќ на овој свет.
Оној што ќе ги сознае нивните тајни својства, станува семоќен!“
 
Природна козметика?
Природната козметика НЕ СОДРЖИ хемиски и синтетички конзерванси (парабени, формалдехиди...), емулгатори, мириси и бои, силикон, парафин... Се користат најчесто рачно подготвени екстракти на лековити растенија, растителни и етерични масла, природни восоци, вода, алкохол (природен)... Природната козметика не се тестира на животни и амбалажата мора да биде еколошки прифатлива.
 
Како опстанува без ситетички конзерванси?
Со помош на природните антибактериски компоненти на производот - етерични масла, прополис и алкохол (природен) и примена на соодветна амбалажа за пакување. На тој начин се спречува контаминација на производот и се обезбедува долг век на траење на производот.
 
Како се постигнува извонредниот квалитет?
Со употреба на саморастечки растенија од еколошки чисти подрачја или со биодинамички или органски одгледувани лековити растенија.
  
Зошто да се одлучите за природна органска козметика?
Таа го следи БИОЛОШКИОТ РИТАМ на кожата и ги поттикнува нејзините САМОКОРЕКТИВНИ ФУНКЦИИ. Бидејќи нашата кожа е одговорна за целиот организам, многу е важно да се поттикне нејзиниот природен начин на функционирање, а НЕ дополнително да се оптовари. Природната козметика не создава зависност на кожата и не доведува до појави на намалување на ефектот како кај одделни синтетички козметички производи поради развивање на природна резистентност на кожата на хемиски состојки.
 

СЕРТИФИЦИРАНА КОЗМЕТИКА

Природната козметика стана тренд во последниве години. Денес постојат разни „природни“ козметики и сè почесто се среќаваме со изразите: „natural“, „organic“, „природна“, „органска“.
 
Kако да ја препознаете вистинската?
Не е доволно на пакувањето на некој козметички производ да стои терминот „сосема природно“ или „природно“ и тоа да ви биде гаранција дека купувате квалитетен природен производ. Водич нека ви бидат сертификатите на производот!
Вистинската природна козметика мора да задоволи одредени стандарди. Секој производител кој ги исполнува тие стандарди со задоволство со тоа ќе се пофали и на своите производи ќе го истакне сертификатот од реномираните институции.
 
Сите наши производи се сертифицирани и на амбалажата може да се забележат ознаките: