ЛОГОДЕНТ пасти за заби - за возрасни и за деца: систематска природна орална хигиена

Видливиот дел од здравиот заб, над непцата, се нарекува корона. Долу десно, длабоко во ткивото се наоѓа коренот, кој цврсто го држи забот во вилицата. Короната на забот е завиткана со слој на глеѓ, најтврдата супстанца присутна во човековото тело. Забната глеѓ претставува првата одбранбена линија на забот во текот на целиот живот. Околу 95% од забната глеѓ се минерали. Киселината која се созадава после секој оброк поради распаѓање на остатоците од храна, ги разградува минералите од забната глеѓ правејќи ја порозна и отварајќи пат за бактериите. Бактериите влијаат врз развивање на забни наслаги и други болести на непцата и забите.

Правилна орална хигиена

Таму каде што нема забни наслаги, нема ниту кариес, гингивитис или парадентоза. Затоа стоматолозите препорачуваат чистење на забите после секој оброк, или барем два пати дневно. Најдобрата техника за чистење на забите опфаќа движења од црвениот (непцата) кон белиот дел (забите), со цел да се избегне оштетување на непцата. После четкањето на забите, тие треба да се исчистат и со забен конец, за да може да се исчисти и делот помеѓу забите. Професионалното чистење на забите два пати годишно во целост ја комплетира секојдневната нега на забите. Не е помалку важно да се напомене дека и здравата исхрана игра значајна улога во одржувањето на здрави заби.

ЛОГОДЕНТ

ЛОГОНА ги спојува најновите научни сознанија и основните познавања за традиционалните лековити растенија во создавањето на сите свои производи, како ЛОГОДЕНТ програма за нега на заби. 

Растителните состојки, како што ехинацеа, анасон, зелен чај, масло од каранфилче и естри на сахароза го забавуваат создавањето на забните наслаги-создадени од бактериите.

Смирна, хамамелис и камилица ги зајакнуваат непцата и ја спречуваат појавата на инфекции. Силика гелот и морската сол во форма на фини честички помагаат во нежното отстранување на забните наслаги, не оштетувајќи ја забната глеѓ или непцата. Сите пасти содржат многу пријатни пенести средства. Употребата на натриум-лаурил-сулфат и други агресивни пенливи средства не се дозволени.

Сите ЛОГОДЕНT производи во целост се изработени без синтетички флуорид. Покрај тоа, овие производи не содржат синтетички конзерванси, мириси и бои.

 
ЛОГОДЕНТ за деца - природна орална нега од самиот почеток

Првиот детски заб е од витално значење и има влијание во развојот на вилицата и позицијата на следните трајните заби. Ова е причината зошто за бебешките заби треба да се има посебна грижа. ЛОГОДЕНТ пастата за заби за деца со јагода е специјално развиена за да ги задоволи барањата на чувствителните бебешките заби, трајните заби и детските непца, со благи состојки и со арома на природна јагода. Не содржи синтетички бои, мириси и конзерванси и е без флуорид.

 
 
ЛОГОНА гаранција за квалитет
 
  • Во согласност со строгите критеруими на BDIH за сертифицирана природна козметика
  • Без синтетички бои, мириси и конзерванси
  • Без синтетички флуорид
  • Made in Germany: развиена и произведена во Германија
  • Произведена од растителни масла и екстракти од ОРГАНСКО производство
  • Развиена и произведена без тестирање на животни