Нежна нега за бебешка кожа

Содржи благопријатни, природни пенливи состојки кои ја чистат нежната кожа на вашето бебе без исушување. Не ги иритира очите и е идеален за секојдневна употреба. Скапоцените екстракти од органски невен и органска камилица ја смируваат кожата, делуваат против воспаление и иритација на кожата, го намалуваат црвенилото, помагаат за побрзо уништувањето на широк дијапазон на бактерии, вируси и габи. Протеините од органски пченични никулци го спречуваат сушењето на кожата и ја хидрираат. Клинички е тестирана, без синтетички бои, мириси и конзерванси.

Состав: Aqua (Water), Lauryl Glucoside, Parfum (Essential Oils), Disodium Cocoyl Glutamate, Sodium Cocoyl Glutamate, Calendula Officinalis Flower Extract*, Chamomilla Recutita (Matricaria) Extract*, Hydrolyzed Wheat Protein, Glycerin, Sodium Lactate, Lactic Acid, Limonene, Linalool.
* од контролирано органско производство
Пакување: 200 ml, Цена: 595,00 ден. Шифра: 00194
 
 
 
 
BDIH, ЛОГОНА ознаки за органско
  
Веган, без лактоза
____________________________________
Производите можете да ги купите преку

Активни состојки


За послушна, заштитена коса

Кога пченичното брашно се произведува, лушпите кои остануваат несомелени се сметаат за отпадок. Но овие лушпи се многу повеќе од само отпадок, бидејки се богати со фибрини, минерали и витамини. Екстрактот добиен од нив е исклучително ефикасен во спречувањето на електрицитетот на косата. Пченичниот протеин е активна состојка од пченичното брашно што се добива кога ќе се отстрани скробот. Како активна состојка во производите за коса, пченичниот протеин формира заштитен слој околу прамените на косата и со тоа ја заштитува косата од надворешните штетни влијанија. Освен тоа, ја прави косата и попослушна. Пченичниот протеин ја подобрува долготрајната хидратација и заздравувањетото на раните, а кожата ја прави црвста.

Смирувач и антисептик

Широко одгледуван низ Европа, невенот го добива името поради неговите сјајни златни цветови. Како симбол на грациозност, љубов и убавина, невенот бил користен за правење на љубовни напитоци во средниот век. Денес се цени заради неговиот смирувачки, противоспалителен, антисептичен и регенеративен ефект.

Медицинско растение на годината за 2002

Ова нежно растение од "aster" фамилијата било прогласено за најдобро медицинско растение во Германија, a исто така ја носи и титулата медицинско растение за 2002 година. Камилицата не е само корисна како чај, туку е вистински дар за кожата: има смирувачко антиинфламаторно и антисептично дејство и помага за побрзо заздравување на раните.