ПРИРОДНА И ОРГАНСКА НЕГА НА МАШКА КОЖА

Оваа линија на производи е формулирана да ги задоволи посебните потреби на кожата на мажите. Иако кожата на мажите е многу поцврста и поотпорна од кожата на жените, сепак таа се влошува со годините и со влијанието на факторите на средината. Линијата MANN ја обезбедува кожата со интензивна хидратација во комбинација со ревитализирачки и заштитни состојки, како што се органски гинко и органски кофеин.
За свеж и ревитализиран изглед на вашата кожа, во комбинација со остар мажествен мирис.
 
Гинко (Гинко Билоба)
Моќта на ова растение е препознаена во Кина пред повеќе од илјада години. Флавонидите, кои може да се најдат во гинко, се особено важни за кожата. Тие ја штитат од слободните радикали, кои го забрзуваат неговото стареење. Покрај тоа, гинко ја зацврстува кожата и ја прави поцврста, истовремено подобрувајки ја циркулацијата воклетките и со тоа го активира метаболизмот.
 
Кофеин
Кофеинот е причината зошто кафето се смета за стимуланс. Неговата примена во козметиката е важна затоа што го стимулира метаболизмот на кожата и ја подобрува нејзината циркулацијата.