За слаба, оштетена коса и сув скалп
Природната регенеративна формула со масло од органско „inca inchi“, арганово масло и масло од семки на грозје ја зајакнуваат и обновуваат косата, го хранат влакното и го спречуваат неговото кршење. Особено е погоден за интензивен ноќен третман на скалп и сува коса. Интензивниот комплекс за нега со масло од магарешки трн ја прави косата сјајна и мазна и го олеснува формирањето на фризурата.
Употреба: Со мала количина од маслото нежно масирајте по краевите или по целата должина на косата. Се нанесува на влажна, со пешкир сушена коса 1-2 пати неделно. Нема потреба да се мие по нанесувањето.
Состав: Vitis Vinifera (Grape) Seed Oil, Dodecane, Glycine Soja (Soybean) Oil*, Ricinus Communis (Castor) Seed Oil*, Plukenetia Volubilis Seed Oil*, Simmondsia Chinensis (Jojoba) Seed Oil*, Arctium Lappa Seed Oil*, Argania Spinosa Kernel Oil*, Canola Oil*, Olea Europaea (Olive) Fruit Oil*, Tocopheryl Acetate, Aloe Barbadensis Leaf Extract*, Tocopherol, Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil*, Parfum (Fragrance)**, Linalool**, Benzyl Salicylate**.
* од контролирано органско производство           ** природни етерични масла
Пакување: 75 ml, Цена: 780,00 ден. Шифра: 30223

 

 
 
 
BDIH, NATRUE, ЛОГОНА ознаки за органско
  
Веган, без глутен, без лактоза
____________________________________
Производите можете да ги купите преку

Активни состојки


Се бори против слободни радикали.

Аргановото дрво вирее во Мароко и Алжир. Со векови неговиот плод бил користен за да се добие арганово масло-екслузивна состојка за разубавување со повеќе од 80% линолејска и олеинска киселина-незаситени масни киселини. Фитостеролите кои што се содржат во аргановото масло екстремно ги подобруваат виталните функции на кожата. Аргановото масло го стимулира растот на нови клетки додека истовремено ја мазни кожата и ја одржува мека и еластична. Антиоксидантите кои аргановото масло ги содржи во голем број се борат против слободните радикали и претставуваат непресушен извор за вечна убавина.