За обновување на оштетената коса
Специјализиран за потребите на кршлива и оштетена коса. Природната формула со органски арган, кајсија и маслото од семе на „inca inchi“ како и природниот бетаин и дава на косата свиленкаст и блескав изглед, чувство на мекост, нежност и ја подобрува структурата на косата. Драгоцените природни масла овозможуваат лесна употреба, ја измазнуваат косата и спречуваат појава на метил на косата. Кремастата текстура и дава на косата релаксирачко чувство без предизвикување на чувство на тежина.
Состав: Aqua (Water), Alcohol denat.*, Glyceryl Citrate/Lactate/Linoleate/Oleate, Cetearyl Alcohol, Glycine Soja (Soybean) Oil*, Sorbitan Stearate, Aloe Barbadensis Leaf Juice*, Vitis Vinifera (Grape) Seed Oil, Plukenetia Volubilis Seed Oil*, Argania Spinosa Kernel Oil*, Betaine, Inulin, Prunus Armeniaca (Apricot) Kernel Oil*, Sodium Cetearyl Sulfate, Sucrose Cocoate, PCA Glyceryl Oleate, Coco-Glucoside, Arginine, Punica Granatum Seed Extract*, Xanthan Gum, PCA Ethyl Cocoyl Arginate, Tocopherol, Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil*, Citric Acid, Rosmarinus Officinalis (Rosemary) Leaf Extract*, Parfum (Fragrance)**, Limonene**, Linalool**, Coumarin**, Citral**, Citronellol**, Geraniol**.
* од контролирано органско производство           ** природни етерични масла
Пакување: 200 ml, Цена: 675,00 ден. Шифра: 30245

 

 
 
 
BDIH, NATRUE, ЛОГОНА ознаки за органско
  
Веган, без глутен, без лактоза
____________________________________
Производите можете да ги купите преку

Активни состојки


Природна влажност

Се сметало дека легендарната Клеопатра се грижела за својата кожа со екстракт од "крин/солза на пустината- lily of the desert " и со добра причина: екстрактот кој се добива од складираната вода од листовите на алое, се бори со иритациите и има скапоцен заздравувачки ефект. Исто така, придонесува за заздравување на изгореници од сонце и е малку УВ-отпорен.

Природна хидратација

Во неговата татковина саваните во Африка, ши дрвото се смета како свето дрво. Во некои легенди се вели дека само жените смееле да го одгледуваат ова дрво, а сечењето на ова растение било строго забрането. Во содржината на плодот има повеќе од 50% масти и затоа од него се добива екстра квалитетен путер за кожата, светски познат заради хидратантниот и измазнувачки ефект кој и го дава на кожата.

Се бори против слободни радикали.

Аргановото дрво вирее во Мароко и Алжир. Со векови неговиот плод бил користен за да се добие арганово масло-екслузивна состојка за разубавување со повеќе од 80% линолејска и олеинска киселина-незаситени масни киселини. Фитостеролите кои што се содржат во аргановото масло екстремно ги подобруваат виталните функции на кожата. Аргановото масло го стимулира растот на нови клетки додека истовремено ја мазни кожата и ја одржува мека и еластична. Антиоксидантите кои аргановото масло ги содржи во голем број се борат против слободните радикали и претставуваат непресушен извор за вечна убавина.