Ја обновува оштетената коса и косата станува природно сјајна
Специјализиран за потребите на кршлива и оштетена коса. Природната формула со органски арган, кајсија и маслото од семе на „inca inchi“ како и природниот бетаин и дава на косата свиленкаст и блескав изглед, чувство на мекост, нежност и ја подобрува структурата на косата. Обновувачкиот комплекс помага во редуцирање на создавањето на метил во косата и појавата на кршливи врвови на влакната. Нема потреба од плакнење.
Употреба: Нанесете во количина на лешник (за средно долга коса) на врвовите и по должината на влакното од косата на претходно со крпа исушена косата, 1-2 пати неделно. По нанесувањето не е потребно миење со вода и можете слободно да ја обликувате косата според вашиот стил.
Состав:Aqua (Water), Alcohol denat.*, Glyceryl Stearate Citrate, Aloe Barbadensis Leaf Juice*, Glycerin, Plukenetia Volubilis Seed Oil*, Argania Spinosa Kernel Oil*, Betaine, Prunus Armeniaca (Apricot) Kernel Oil*, Butyrospermum Parkii (Shea) Butter*, Vitis Vinifera (Grape) Seed Oil, Isoamyl Laurate, Bambusa Vulgaris Leaf/Stem Extract, Bambusa Vulgaris Sap Extract, Inulin, Sodium Stearoyl Glutamate, Arginine, PCA Glyceryl Oleate, Sodium Lactate, Xanthan Gum, Tocopherol, Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil*, Lactic Acid, Citric Acid, PCA Ethyl Cocoyl Arginate, Parfum (Fragrance)**, Limonene**, Linalool**, Coumarin**, Citral**, Citronellol**, Geraniol**
* од контролирано органско производство           ** природни етерични масла

Пакување: 75 ml, Цена: 750,00 ден. Шифра: 30217

 

 
 
 
BDIH, NATRUE, ЛОГОНА ознаки за органско
  
Веган, без глутен, без лактоза
____________________________________
Производите можете да ги купите преку

Активни состојки


Природна влажност

Се сметало дека легендарната Клеопатра се грижела за својата кожа со екстракт од "крин/солза на пустината- lily of the desert " и со добра причина: екстрактот кој се добива од складираната вода од листовите на алое, се бори со иритациите и има скапоцен заздравувачки ефект. Исто така, придонесува за заздравување на изгореници од сонце и е малку УВ-отпорен.

Природна хидратација

Во неговата татковина саваните во Африка, ши дрвото се смета како свето дрво. Во некои легенди се вели дека само жените смееле да го одгледуваат ова дрво, а сечењето на ова растение било строго забрането. Во содржината на плодот има повеќе од 50% масти и затоа од него се добива екстра квалитетен путер за кожата, светски познат заради хидратантниот и измазнувачки ефект кој и го дава на кожата.

Се бори против слободни радикали.

Аргановото дрво вирее во Мароко и Алжир. Со векови неговиот плод бил користен за да се добие арганово масло-екслузивна состојка за разубавување со повеќе од 80% линолејска и олеинска киселина-незаситени масни киселини. Фитостеролите кои што се содржат во аргановото масло екстремно ги подобруваат виталните функции на кожата. Аргановото масло го стимулира растот на нови клетки додека истовремено ја мазни кожата и ја одржува мека и еластична. Антиоксидантите кои аргановото масло ги содржи во голем број се борат против слободните радикали и претставуваат непресушен извор за вечна убавина.