Органска роза дамсцена и „KalparianeTM“ активен комплекс од кафени морски алги - големата тајна за сува кожа

Сувата кожа се карактеризира со многу тенок површински слој и недостаток од заштитен слој. Како резултат на тоа се појавуваат симптоми кои се карактеристични за овој вид кожа во форма на непријатно чувство на затегнување и пецкање, а намалената еластичност доведува до предвремено создавање на брчки. Со влијанието на надворешните фактори како што се сончевите зраци, студот, ветрот и топлината, овие симптоми сè повеќе се изразуваат. ЛОГОНА колекцијата за сува и нормална кожа интезивно ја хидрираат кожата. Активните состојки на скапоцената органска роза дамсцена заедно со „KalparianeTM“ активен комплекс од кафени морски алги ја зголемуваат природната заштитна функција на кожата и ја заштитуваат од штетните влијанија на слободните радикали и животната средина. Брчките се намалуваат и се регулира хидро-липидниот баланс на кожата. Лесните растителни масла го ублажуваат чувството на затегнување, ги поттикнуваат природните регенеративни процеси и помагаат во обновување на хидролипидниот слој со што кожата ја враќа својата еластичност и мекост.

 
ЛОГОНА гаранција за квалитет
 
  • Во согласност со строгите критеруими на NaTrue за сертифицирана природна органска козметика
  • Без синтетички бои, мириси и конзерванси
  • Без парафински масла или било кои други суровини од нафтената индустрија
  • Made in Germany: развиена и произведена во Германија
  • Произведена од растителни масла и екстракти од ОРГАНСКО производство
  • Без тестирање на животни
  • Дерматолошки испитана
  • Сите производи се "vegan" (без суровини од животинско потекло), без глутен и без лактоза