КЛЕТОЧНА РЕГЕНЕРАЦИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА ЦРВЕНИЛОТО
[Ексклузивната формула SILIDINE® развиена од црвена алга]
 
Ексклузивната формула SILIDINE® е развиена од црвена алга („Porphyridium cruentum“) која овозможува клеточна регенерација, делува смирувачки и долготрајно го редуцира црвенилото. Ги зајакнува ѕидовите на крвните садови и ја зголемува нивната еластичност.
Студиите покажаа намалување на црвенило на кожата од 19%  по 28 дена, кога се користи во континуитет два пати на ден.
 
Што е купероза?
Куперозата се карактеризира со проширени јасно видливи крвни садови на образите и околу носот. Придружена е со појава на црвенила, сува и сензитивна кожа. Во Германија околу 4 милиони луѓе се склони на купероза.  Во Скандинавските земји, Англија и Ирска процентот на луѓе кои се склони на купероза е околу 19%, а во областа на медитеранот само 2%.
 
Што и е потребно на куперозната кожа?
Најважно е зајакнување на ѕидовите на крвните садови. За да се постигне овој ефект треба да се користат ниско-липидни производи кои не содржат алкохол, минерални или силиконски масла. На кожата треба да и се обезбедени интензивна хидратација. LOGONA med серијата за нега на лице совршено ги исполнува овие потреби, а на куперозната кожа и ја обезбедува потребната нега и заштита.