Нега на лице - во совршена рамнотежа со биолошки ритам на кожата

Ревитализирачки формули, засновани на најсовремени истражувања направени во полето на ОРГАНСКАТА козметика.
ЛОГОНА производите за нега и чистење на кожата на лицето, формулирани се на начин што ги задоволуваат индивидуалните потреби на вашата кожа. При изработка на производите користени се најновите сознанија од областа на дерматологијата земајќи ги предвид и надворешните фактори кои секојдневно влијаат на вашата кожа.

ЛОГОНА ГО СЛЕДИ ПРИНЦИПОТ НА САМОКОРЕКЦИЈА НА КОЖАТА
Нашата кожа е жива и осетлива. Таа реагира на промените на годишните времиња, животните околности, како и на влијанијата на надворешната средина. Со дејството на овие фактори, здравата и нормална кожа може да стане масна, сува и многу осетлива.
Вообичаениот пристап за нега на кожата – да се додадат маснотии и влажност на сувата кожа, а да се отстранат кај масната кожа – едноставно не е адекватен. Со ваков пристап кожата добива погрешен сигнал поради кој самата не може да го реши проблемот. ЛОГОНА производите дејствуваат на друг, поинаков начин.

НЕГА НА ЛИЦЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО БИОЛОШКИОТ РИТАМ НА КОЖАТА
Почувствувајте го задоволството на природно убава, здрава кожа. Производите ЛОГОНА ја хранат и штитат вашата кожа користејќи ја силата на лековитите растенија. Активните растителни состојки и првокласните растителни масла ѝ даваат на вашата кожа сè што ѝ е потребно за да ја одржи својата природна свежина, здравје и убав изглед.
ЛОГОНА пристапот за нега се заснова на најновите научни сознанија за кожата, како и на разбирањето на нејзините природни функции. Ваквата стручност овозможува развој на производи кои нежно и ефикасно ги стимулураат сопствените сили на кожата за самокорекција и излекување. Во согласност со природниот ритам и потребите на кожата, производите се формулирани на начин што ѝ овозможуваат хидратација и заштита од надворешните влијанија во текот на денот, а истовремено ги стимулураат нејзините природни регенеративни процеси во текот на ноќта.

ЛОГОНА НЕГАТА НА ЛИЦЕTO ЈА ПОКАЖУВА СВОЈАТА НАЈДОБРА СТРАНА СО ЦЕЛОСНО НОВА ЛИНИЈА НА ПРОИЗВОДИ
Со иновативни формули базирани на најновите истражувања на полето на ОРГАНСКАТА козметика; луксузни, целосно природни мириси; нов дизајн – повеќе органски екстракти и активни состојки од кога било претходно.
Покрај сите промени, ЛОГОНА останува верна на своите оригинални вредности и подобра од кога било. Повеќе од 40-годишното искуство во развојот и производството на ОРГАНСКАТА козметика резултираше со најновите висококвалитетни производи, сите развиени и произведени во Германија.
ЛОГОНА ОРГАНСКАТА козметика ја прават самите производи единствена по тоа што имаат BDIH и NaTrue сертификат за органска и природна козметика. Затоа што вашата кожа го заслужува само најдоброто!

  
ЛОГОНА гаранција за квалитет

 

  • ЛОГОНА колекцијата на козметика за нега на лице ги исполнува строгите критериуми за контролирана природна козметика и е сертифицирана од страна BDIH и NaTrue
  • Без синтетички бои, мириси и конзерванси
  • Без парафински масла или било кои други суровини од нафтената индустрија
  • Made in Germany: развиена и произведена во Германија
  • Произведена од растителни масла и екстракти од ОРГАНСКО производство
  • Развиена и произведена без тестирање на животни
  • Дерматолошки испитана
  • Голем број од производите се "vegan" и без глутен