ToxFox - токсичната лисица

Зелена сила наместо коктел на хормони

Истражувањето на BUND (види линк: http://www.bund.net/fileadmin/bundnet/publikationen/chemie/130723_bund_chemie_kosmetik_check_studie.pdf) во Германија предизвика вистинска сензација. Една третина од производите на водечките светски производители на козметички производи содржат опасни хормонски материи.

BUND ( Германската асоцијација за животната средина и природата) e најголемата еколошка организација во Германија. Во јули 2013 излегоа резултатите од нејзината голема студија за присутноста на хормонските соединенија во козметичките производи. BUND извршил испитување на 62.559 козметички производи на големите брендови кои се продаваат во Германија. Истражувањето покажа: околу една третина од козметичките производи содржат соединенија со хормонално дејство кои се опасни по здравјето. Тоа се 15 различни хемикалии, кои Европската комисија ги постави во листата на хормонски материи со највисок приоритет. За опасноста на сите овие соединенија има докази од спроведените експерименти со животни.

Повеќе...

Парабените предизвикуваат брчки и предвремено стареење

Парабените предизвикуваат брчки и предвремено стареење 29/08/2005- Истражувачите од медицинскиот универзитет во Јапонија утврдиле дека methylparaben, често користениот  конзерванс во козметиката предизвикува појава на брчки и други знаци на стареење кога ќе се изложите на ултравиолетово зрачење т.е сончева светлина.

Парабените кои во научните студии често се поврзуваат со хормонските пореметувања, алергиите и ракот се наоѓаат во голем спектар во козметичките производи и средствата за хигиена. Истражувачите од медицинскиот универзитет во Кјото велат дека се посебно загрижени поради препаратите за нега на лице кои секојдневно се употребуваат. Парабените се наоѓаат во шминките, кремите, лосионите, млекото за сончање и што е најголема иронија во препаратите за спречување на стареење на кожата (Age Protection).

Повеќе...

ХИЈАЛУРОНСКА киселина во производите на ЛОГОНА

Производите кои содржат ХИЈАЛУРОНСКАТА киселина на сосема природен начин ја задоволувват потребата на кожата за еластичност и цврстина. ХИЈАЛУРОНСКАТА киселина природно се наоѓа во кожата (дермисот) и служи за дополнување на водосврзувачкиот капацитет на кожата. Бебињата имаат најмногу и затоа нивната кожа е совршена, хидрирана, еластична и со одлична цврстина.

Со текот на годините, а особено после 25 година, нивото на ХИЈАЛУРОНСКАТА киселина се намалува и потребно е нејзино надополнување за да кожата остане подолго млада и здрава. Важно е да се напомене дека нема никакви токсични, ниту било какви иритирачки реакции на кожата, доколку се користи ХИЈАЛУРОНСКА киселина која потекнува од микроорганизми "Streptococcus equi".

Повеќе...

BDIH

  BDIH - ГЕРМАНСКИ СEРТИФИКАТ
  
Од февруари 2001 година, по четиригодишна подготовка, BDIH формулираше еден пакет на основни инструкции кои производите мораат да ги исполнуваат за да го добијат овој BDIH сертификат. Производителите мораат да ги подложат своите производи на анализа во независни лаборатории. Ако лабораториските резултати ги исполнуваат основните услови, тогаш производот добива BDIH сертификат.
Повеќе информации за овој BDIH сертификат се достапни на следнава адреса: www.kontrollierte-naturkosmetik.de
 
1. Ботанички состојки
Користењето на ботанички состојки секогаш кога е возможно е охрабрено. Растенијата треба да се контролирано органски одгледувани или да се саморастечки-сертифицирано набрани.
BDIH не бара прецизен процент на органски состојки во финалниот производ, туку задолжително наложува некои основни состојки да потекнуваат од органско земјоделие. BDIH наложува овие состојки да бидат со задоволителен квалитет и квантитет.

Повеќе...

online bookies