Дали козметиката содржи хормонски хемикалии?

НЕ!
Во почетокот на 2013 година Светската здравствена организација ги објави хормонските хемикалии за светски проблем. Идентификувани се 550 хемикалии, меѓу кои DDT, фталати, бисфенол и друти .
Хормонските хемикалии се супстанции кои дејствуваат во телото како природните хормони. Тие предизвикуваат здравствени проблеми, кои во последниве години се зголемуваат во целиот свет како што се намалување на квалитетот на спермата, ракот на дојката, простата, тестисите, како и предвремен пубертет кај девојчињата. Претежно се засегнати жените, малите деца и младите во пубертетот. Овие супстанции се акумулираат во текот на развојот и во текот на целиот живот.
 
BUND ( Германската асоцијација за животната средина и природата) e најголемата еколошка организација во Германија. Во јули 2013 излегоа резултатите од нејзината голема студија за присутноста на хормонските соединенија во козметичките производи. BUND извршил испитување на 62.559 козметички производи на големите брендови кои се продаваат во Германија. Истражувањето покажа: околу една третина од козметичките производи содржат соединенија со хормонално дејство кои се опасни по здравјето.
 
Резултати од истражувањето на ЛОГОНА И САНТЕ производите
Во ниту еден од 426 испитани производи на ЛОГОНА И САНТЕ од BUND не е најдено хормонско соединение. ЛОГОНА И САНТЕ се едни од многу ретките брендови со 100% загарантиран асортиман на производи поради што корисниците целосно може да им се доверат.
 
За повеќе информации кликни тука ...

Дали производите се без глутен, вегетаријански или без лактоза?

Најголем број од производите се без глутен, вегетаријански и без лактоза.

На оваа Интернет-страница, кога ќе ги отворите производите на Логона, можете да видите дали производот е без глутен, дали е вегетаријански или е без лактоза.

Исто така, за секој производ е даден неговиот состав како и активните состојки.

Дали имате козметика за многу чувствителна кожа и кожа склона на алергии?

Тоа е колекцијата “FREE”

За повеќе информации кликни тука ...

Каде може да се купат Вашите производи?

1. Преку Интернет-продавницата: www.bioorganica.mk

2. Преку малопродажната мрежа, кликни тука ...

Каде можам да добијам повеќе информации за Вашата козметиката?

1. На штандот за промоција во Skopje CITY MALL (приземје до Леонидас – белгиски чоколадни пралини)

2. На презентациите кои се одржуваат во малопродажните места. Распоредот на презентации можете да го видете тука ...

Како може да дознам каков тип на кожа имам, за да ја одберам вистинската козметика?

1. Да не посетите на штандот за промоција во Skopje CITY MALL (приземје до Леонидас – белгиски чоколадни пралини) или на презентациите кои се одржуваат по малопродажните места. Распоредот на презентации можете да го видете тука ...

2. Да извршите тестирање на Интернет-страницата на Логона, кликни тука ...

3. Да дознаете повеќе за секој тип на кожа, кликни тука ...

За разлика од други козметики каде една крема се препорачува за различни типови на кожа, Логона има развиено специјални серии за сите типови на кожа. За повеќе информации кликни тука ...

Дали да користам дневна или ноќна крема?

Се препорачува да се користат и двете креми, како и козметиката за чистење на лице што е од особена важност за зачувување на природната липидна бариера, директно поврзано со здравјето на кожата и убавиот изглед.

Дневната крема претежно има заштита фунцкија, а ноќната крема претежно ја има функцијата за регенерација на кожата, обновување на клетките и намалување на брчките.

Дали имате природни органски шампони против опаѓање на коса?

ДА!
Тое е енергетски шампон на Логона против опаѓање и нега на тенка и слаба коса - органски кофеин и органски гоџи-бобинки Овој шампон е специјално создаден да одговори на потребите на тенката и слаба проретчена коса. Нежно ја чисти и се грижи за косата со ревитализирачко дејство на органскиот кофеин и богатиот со минерали екстракт на органски гоџи-бобинки.

За повеќе информации кликни Нега на коса

Дали козметиката на Логона и Санте содржи синтетички конзерванси, како што се штетните парабени?

НЕ!
Парабените (метил, етил, пропил и бутил парабени), се состојки кои се дел од скоро секој производ за негување. Парабените се конзерванси, кои го инхибираат микробниот раст. Парабените предизвикуваат брчки и предвремено стареење 29/08/2005- Истражувачите од медицинскиот универзитет во Јапонија утврдиле дека methylparaben, често користениот конзерванс во козметиката предизвикува појава на брчки и други знаци на стареење кога ќе се изложите на ултравиолетово зрачење т.е сончева светлина.
Парабените кои во научните студии често се поврзуваат со хормонските пореметувања, алергиите и ракот се наоѓаат во голем спектар во козметичките производи и средствата за хигиена. Истражувачите од медицинскиот универзитет во Кјото велат дека се посебно загрижени поради препаратите за нега на лице кои секојдневно се употребуваат. Парабените се наоѓаат во шминките, кремите, лосионите, млекото за сончање и што е најголема иронија во препаратите за спречување на стареење на кожата (Age Protection).
Како резултат на тоа, производителите се повеќе го избегнуваат користењето на парабените.
Производите на Логона и Санте НЕ СОДРЖАТ парабени, а исто така НЕ содржат:
- синтетички конзерванси (сите видови парабени, imiddazolinyl urea, diazolinyl urea ...)
- синтетички бои и мириси - парфем или ароми (parfum или fragrance)
- нафтени деривати (минерални масла, течен парафин, парафински восок, PG-пропилен гликол, BG-бутилен гликол ...)
- силиконски масла или етоксилирани состојки (dimethicone, cyclopentasiloxane, cyclohexasiloxane, PEG- полиетилен гликол, PPG- полипропилен гликол ...)
- парафински масла (paraffinum liquidum, petrolatum, cera microcristallina, ozokerite, ceresin, paraffin ...)
- естерификовани масла (caprylic/caprico, triglyceride, dicaprylyl ether, octyldodecanol ...)
- површински активни супстанции (surfactants) - sodium lauryl sulfate, sodium laureth sulfate, dietanolamine, trietanomil amine
Кога купувате козметички производи обрнете внимание на составот на производот. Парабените можете да ги препознаете како: methylparaben, ethylparaben, propylparaben, butylparaben, heptylparaben.

Како Вашите производи опстануваат без синтетички конзерванси?

Со помош на природните антибактериски компоненти на производот - етерични масла, прополис и алкохол (исклучиво природен добиен од растенија) и примена на соодветна амбалажа за пакување. На тој начин се спречува контаминација на производот и се обезбедува долг век на траење на производот.

Зошто да се одлучам да ја користам Вашата козметика?

  • Козметиката е контролирана за што се доказ сертификатите BDIH и NATRUE за ПРИРОДЕН и ОРГАНСКИ квалитет
  • Во производството се употребуваат саморастечки растенија од еколошки чисти подрачја или органски произведени лековити растенија.
  • Таа го следи БИОЛОШКИОТ РИТАМ на кожата и ги поттикнува нејзините САМОКОРЕКТИВНИ ФУНКЦИИ. Бидејќи нашата кожа е одговорна за целиот организам, многу е важно да се поттикне нејзиниот природен начин на функционирање, а НЕ дополнително да се оптовари. Нашата козметика не создава зависност на кожата и не доведува до појави на намалување на ефектот како кај одделни синтетички козметички производи поради развивање на природна резистентност на кожата на хемиски состојки.
  • Козметиката НЕ СОДРЖИ хемиски и синтетички конзерванси (парабени, формалдехиди...), емулгатори, мириси и бои, силикон, парафин... Се користат најчесто рачно подготвени екстракти на лековити растенија, растителни и етерични масла, природни восоци, вода, алкохол (природен добиен од растенија)...
  • ...
За повеќе информации за Логона кликни тука ...

Како да знам која козметика е природна органска?

Природната козметика стана тренд во последниве години. Денес постојат разни „природни“ козметики и сè почесто се среќаваме со изразите: „natural“, „organic“, „природна“, „органска“.
 
Kако да ја препознаете вистинската?
Не е доволно на пакувањето на некој козметички производ да стои терминот „сосема природно“ или „природно“ и тоа да ви биде гаранција дека купувате квалитетен природен производ. Водич нека ви бидат сертификатите на производот!
Вистинската природна козметика мора да задоволи одредени стандарди. Секој производител кој ги исполнува тие стандарди со задоволство со тоа ќе се пофали и на своите производи ќе го истакне сертификатот од реномираните институции.
         
За повеќе информации за сертификатите кликни тука ...

Kaко да се ослободам од акните и мозолчиња кои ги имам во пределот на носот, челото, под очите и на дел од образите?

Хормонските промени кои го следат пубертетот на младешката кожа предизвикуваат зголемено лачење на себум (маснотија на кожата), при што кожата е посебно наклонета кон создавање на акни и мозолчиња. Вообичаено, проширените пори стануваат затворени, со што се спречува нормалниот тек на себумот и другите производи на метаболизмот на површината на кожата. Дополнителните бактериски инфекции доведуваат до создавање на воспалени процеси.
 
Користејќи го знаењето за природната козметика, ЛОГОНА производите за проблематична кожа, нудат ефикасни решенија за борба против овие проблеми:
1. Секојдневно чистење на лицето и по неколку пати на ден со следниве производи на Логона:
- Пена за чистење за масна и комбинирана кожа - органско нане и органски хамамелис
- Тоник за масна и комбинирана кожа - органско нане и органски хамамелис
- Крема за пилинг за сите видови на кожа - органско алое
 
2. Користење на следниве производи на Логона за негување на масна (проблематична) кожа:
- „Clear skin“ течна крема за масна кожа - органско нане
- „Clear Skin“ коректор - органско нане
- Маска за лице за масна и комбинирана кожа - органско нане и органски хамамелис
...
За повеќе информации кликни тука ...

Зошто да се одлучам за ЛОГОНА ПРИРОДНО ОРГАНСКИТЕ шампони?

Повеќето од состојките во шампоните кај луѓето може да предизвика здравствени проблеми. Голем дел од состојките во шампоните не се воопшто испитани. Од околу 80.000 хемикалии регистрирани и употребувани во САД после Втората Светска Војна, само 500 се темелно проучени и испитани за да се избегне нивното штетно влијание врз здравјето на човекот.
 
Денес во повеќето од шампоните на пазарот се користат следниве состојки:
ПАРАБЕНИ: За штетноста на парабените подетално е објаснето тука ...
 
НАТРИУМ ЛАУРИЛ СУЛФАТ - НЛС: Оваа хемикалија е присутна во околу 90% од шампоните. Се користи како средство за формирање на пена. Во 1983 година, група истражувачи откриле дека натриум лаурил сулфат во контакт со очите и кожата предизвикува иритација и дека не е безбедно кога се користи во козметички производи во концентрација поголема од два проценти. За жал, многу козметички производи содржат НЛС како една од главните состојки, што значи дека може да бидат присутни во концентрации дури до 20 проценти.
 
ПРОПИЛЕН ГЛИКОЛ: Првично бил развиен за употреба во индустријата како антифриз и течност за сопирачките. Според MSDS (material safety data sheet), пропилен гликолот може да биде мутаген (способност на хемикалијата да влијае на генетиката) и да предизвика негативни последици врз репродуктивното здравје на човекот и дефекти кај новороденчињата.
 
СИНТЕТИЧКИ БОИ И МИРИСИ: Се сметаат за канцерогени од страна на Светската здравствена организација и Агенцијата за заштита на животната средина во САД.
 
Зошто Логона шампони?
ЛОГОНА во 2003 прва на пазарот понуди BDIH сертифициран шампони без погоренаведените штетни материи.
Денес, шампоните на Логона покрај BDIH сертификатот поседуваат NATRUE сертификат - сигурен доказ за ПРИРОДЕН и ОРГАНСКИ квалитет
Како емулгатори и пенливи средства во производите на Логона се користат шеќерни гликозиди и нивни соли добиени од растителни извори. Тие даваат многу блага пена и не ја сушат кожата.
Ви ги предлагаме следниве производи:
- Енергетски шампон против опаѓање и нега на тенка и слаба коса - органски кофеин и органски гоџи-бобинки
- Шампон за волумен- мед и пиво
- Шампон за баланс- маточина (специјално развиен за нега на масна коса и осетлива кожа на главата)
- Шампон против првут - смрека
- Препарат за обновување на коса - јојоба
 
За повеќе информации кликни тука ...

Користев Санте боја за коса и ја држев 1 саат. Но не приметив никаква разлика во бојата на косата. Во што е проблемот?

Сите наши САНТЕ бои за коса се природни со растителни состојки и не содржат синтетички средства, ниту хидроген кој полесно ја врзува бојата за влакното.
Бојата треба да се држи на косата минимум 2 саати, а потоа да се измие. Може да се држи и подолго за да резултатот би бил задоволителен. Првото боење треба да се направи два пати неделно, а подоа да се користи еднаш месечно.

Никаде не сте погрешиле само што сте требале да ја чувате подолго време бојата на косата, па потоа да ја измиете.

Како да ги намалам брчките?

Научно е докажано дека вашата кожа почнува да старее кога сте во средината на 20-тите години. Тоа значи дека на таа возраст вашиот метаболичен, циркулирационен и лимфен систем почнуваат да функционираат побавно.

Намалувањето на хранливите материи и кислородот предизвикува и намалување на масните ткива на кожата, кои се неопходни за задржување и складирање на потребната влажност. Намалениот капацитет за задржување на влажноста создава услови за формирање на линии и брчки.

НОВАТА серија на ЛОГОНА Age Protection (заштита од стареење) со ефективно активни драгоцени органски екстракт од бобинки на волчји трн („Sea Buckthorn“), ХИЈАЛУРОНСКА киселина, органско АРГАНОВО масло и органско масло од семе на брокула и даваат на зрелата кожа извонредна хранлива нега за ПРЕКРАСЕН изглед.

За ЗАШТИТА од НАДВОРЕШНИТЕ ФАКТОРИ и ПРЕДВРЕМЕНО СТАРЕЕЊЕ, за ИНТЕНЗИВНА ХИДРАТАЦИЈА, НАМАЛУВАЊЕ на брчките и РЕВИТАЛИЗАЦИЈА на кожата со ДОЛГОТРАЈНИ резултати!

За повеќе информации кликни тука ...

Дали антиперспирантите се штетни?

Студиите покажале дека антиперспирантите и дезодорансите и не се така безопасни.

Антиперспирантите и дезодорансите имаат различен состав, различен механизам на делување и различно дејство. Додека антиперспирантите ги затвараат порите со помош на хемијата што ја содржат, дезодорансите не го спречуваат потењето, меѓутоа повторно по хемиски пат ја сузбиваат непријатната миризба. Најновите студии покажуваат дека со спречување на нормалниот акт на потење, одите спротивно од нормалните метаболни фунции. Што значи тоа? Со затварањето на порите, спречено е губењето на топлина, а со тоа расте и температурата на самото тело. Најголем број на антиперспиранти содржат алуминиум, кој се апсорбира и навлегува во крвотокот. Еден дел од овој алуминиум се таложи во мозокот и е поврзан со појавата на Алцхајмерова болест. Од друга страна под пазувите се наоѓаат лимфни јазли, кои се директно подложни на дејството на овие отрови. Голем број на дезодоранси содржат парабени, кои со континуирано дејство, доведуваат до појава на рак на дојката. Обдукционите испитувања на жени со карцином на дојка, потврдуваат присуство на парабен во оштетеното ткиво на градата.

Како да се заштитите?

Задолжително користете природни производи, без парабени и алуминиум во својот состав. Пред да купите, прочитајте го составот. Не е доволна само ознаката BIO, за да го докаже квалитетот на производот. Ви го препорачуваме производот Рол-он (кристален дезодоранс)

Дали козметиката содржи синтетички глицерин?

НЕ!

Синтетичкиот глицерин се добива индустриски од нафта, био дизел или со други процеси на синтеза. Овој глицерин е многу пати поевтин од растителниот глицерин и не е дозволено да се употребува во природната козметика.

Во нашата козметика се употребува растителен глицерин кој се добива исклучиво од растителни масла и маста (најчесто соино, палминово, кокосово ..)

Растителниот глицерин помага за одржување на влажноста на кожата.

Колку време треба да помине за да исчезне црвенилото од лицето после козметички тертман на масна (проблематична) кожа?

После хигиенски третмани, црвенилото не смее да биде пропратана реакција на кожата. Ако постои воспаление во вид на акни или други промени, таквата состојба на кожата се смирува со други облици на терапија, која ја препишува доктор дерматовенеролог. После прегледот на кожата од страна на доктор дерматовенеролог, може да се заклучи каков третман треба да се изврши. Инаку, појавата на црвенила после козметички тертмани е одлика на нестручен пристап на нега на кожата.

online bookies