Кожата, нашиот најголем орган, дали е сува, осетлива или масна, комбинирана или зрела е индивидулно за секој од нас. Еве некои карактеристики за секој тип на кожа:

Сува кожа
Сувата кожа се карактеризира со многу тенок површински слој и недостаток од заштитен слој. Таа е склона кон иритација и црвенила и често нема доволна еластичност. Како резултат на тоа се појавуваат симптоми кои се карактеристични за овој вид кожа во форма на непријатно чувство на затегнување и пецкање, а намалената еластичност доведува до предвремено создавање на брчки. Со влијанието на надворешните фактори како што се сончевите зраци, студот, ветрот и топлината, овие симптоми сè повеќе се изразуваат.
ЛОГОНА колекцијата за сува кожа претставува мешавина од растителни состојки кои вршат длабинска хидратација и ја смируваат кожата. Лесните растителни масла го ублажуваат чувството на затегнување, ги поттикнуваат природните регенеративни процеси и помагаат во обновување на хидролипидниот слој со што кожата ја враќа својата еластичност и мекост.
За повеќе информации за колекцијата за сува кожа кликни тука ...
 
Осетлива кожа
Осетливата кожа се карактеризира со многу ниска толеранција спрема надворешните влијанија и внатрешните стресни фактори. Дури и малите промени на климатските услови или емотивната вознемиреност и стрес предизвикуваат реакции на кожата, се појавува црвенило, иритација, чувство на затегнатост и пецкање. Оваа зголемена осетливост на кожата може повремено да се јави кај сите видови на кожа.
ЛОГОНА производите за нега на осетлива кожа кои се на база на органско алое со активни фитокозметички состојки ја смируваат, штитат и хидрираат осетливата кожа и придонесуваат за олеснување во состојба на иритација и црвенила. Истовремено, овие производи содржат заживувачки е и ревитализаирачки состојки кои ја зголемуваат отпорноста на кожата и нејзината природна регенеративна функција.
За повеќе информации за колекцијата за осетлива кожа кликни тука ...
 
Комбинирана кожа
Основната карактеристика на комбинираната кожа е истовремено постоење на масни и суви зони на кожата на лицето. Челото, носот и брадата (Т-зона) се карактеризираат со масна кожа со проширени пори, додека образите се суви со фини пори. Масните делови имаат склоност кон создавање на акни и митесери.
ЛОГОНА колекцијата за комбинирана кожа кожа со органски хамамелис помага да се обнови природната рамнотежа на кожата. Со високо квалитетни активни соединенија, го регулира излачувањето на себум, го спречува навлегувањето на нечистотиите во областите со масна кожа и ја прави кожата префинета и балансирана. Исто така и дава на Вашата кожа интензивна влажност - од суштинско значење за блескав тен.
За повеќе информации за колекцијата за комбинирана кожа кликни тука ...
 
Масна кожа
Хормонските промени кои го следат пубертетот на младешката кожа предизвикуваат зголемено лачење на себум (маснотија на кожата), при што кожата е посебно наклонета кон создавање на акни и мозолчиња. Вообичаено, проширените пори стануваат затворени, со што се спречува нормалниот тек на себумот и другите производи на метаболизмот на површината на кожата. Дополнителните бактериски инфекции доведуваат до создавање на воспалени процеси.
Користејќи го знаењето за природната козметика, ЛОГОНА производите за проблематична кожа, нудат ефикасни решенија за борба против овие проблеми.
За повеќе информации за колекцијата за масна кожа кликни тука ...
 
Зрела кожа (кожа која бара посебна нега)
Научниците се согласуваат дека биолошкото стареење на нашата кожа започнува веќе од средината на 20-тите години. Тоа е бавен и првично скоро невидлив процес. Метаболизмот на кожата, циркулацијата на крфта и лимфната циркулација се забавува, апсорпцијата на хранливи материи и кислород се намалува и кожата ја губи способноста да ја задржи влажноста. Порано или подоцна, првите знаци на стареење се појавуваат како брчки и ситни линии. Исто така, значително се забавува регенеративната способност и капацитетот на кожата за самокорекција. Првите симптоми и знаци се зголемување на сувоста, намалување на еластичноста и поголема осетливост на кожата.
Колекцијата на ЛОГОНА AGE PROTECTION-Заштита од стареење со ефективно активни драгоцени органски екстракт од бобинки на волчји трн („Sea Buckthorn“), ХИЈАЛУРОНСКА киселина, органско АРГАНОВО масло и органско масло од семе на брокула и даваат на зрелата кожа извонредна хранлива нега за прекрасен изглед со лифтиг ефект. За интензивна хидратација, затегнување и регенерација на кожата, намалување на брчките со долготрајни резултати.
За повеќе информации за колекцијата AGE PROTECTION кликни тука ...

Доколку не сте сигурни каков тип на кожа имате, можете:
- да не посетите на штандот за промоција во Skopje CITY MALL или на презентациите кои се одржуваат по малопродажните места. Распоредот на презентации можете да го видете тука ...
- да извршите тестирање на Интернет-страницата на Логона, кликни тука ...
online bookies