САНТЕ e основана во почетокот на 90-те години во Германија. Компанијата "LOGOCOS Naturkosmetik AG", која е сопственик на брендот ЛОГОНА, исто така е сопственик и на брендот САНТЕ.

Денес, САНТЕ е производител на природна и органска козметика со најголем број на иновации и силен потенцијал. САНТЕ предлага иновативни производи, допадливи и прифатливи, што ги задоволуваат очекувањата на модерните потрошувачи. На македонскиот пазар во моментот е присутен помал дел од козметиката САНТЕ. Повеќе информации за САНТЕ козметиката: www.sante.de

Декоративна козметика        SANTE „Family“        Нега на тело        Боја за коса        Нега на заби

           
 
 
Чисти бои на природата
 
Чиста убавина со природни состојки
Добредојдовте во светот на природната САНТЕ декоративна козметика, бисер на сеопфатната линија на САНТЕ природните производи за нега на лице и тело. САНТЕ декоративната козметика формулирана е со токлу големо внимание што може да ја користат жените со многу чувствителна и кон алергии наклонета кожа. Екстрактите од органска камилица обезбедуваат смирувачка грижа. Екстрактите од семе од органска калинка содржат бетакаротин и есенцијални масни киселини, познати по своите својства да ја штитат кожата. Маслото од органска јојоба ја прави кожата мека и мазна. Маскарата и течните тушеве за очи ви ја прави кожата нежна со смирувачкиот екстракт од органска очинка („eyebright“).
 
Природна палета на бои
САНТЕ декоративната козметика содржи многу внимателно избрана палета на природни бои. Тоа значи полесен пристап до декоративна козметика и лесно наоѓање на вистинската комбинација. За да направите правилен избор на боја како основа го земате тонот на вашиот тен и бојата на косата.
Ве покануваме да ги истражете различните можности за да ја покажете својата природна убавина со помош на широката палета на производи на САНТЕ декоративна козметика.
 
САНТЕ декоративните производи наменети за усните, очите и лицето се серифицирани од BDIH природна козметика. Сите сертифицирани производи од линијата декоративна козметика на САНТЕ се без синтетички бои, мириси и конзерванси. Тие не содржат нафтени деривати и силиконски масла. Чистите растителни масла, по можност органски, обезбедуваат посебна грижа за вашата кожа.

 

Прекрасен тен

 

Неверојатна сензација: чист и беспрекорен блескав тен. Оваа прекрасна боја е резултат на високиот квалитет на шминките на производите на САНТЕ. Нивниот квалитет и чистота ви дава неверојатна мекост и мазност на кожата.

 

Коректор (молив)     Цена: 690,00 ден.

Магични пријатели!
Направете темни кругови околу очите и малите флеки магично исчезнуваат. Ги покриваат малите вени и бемки за секунда.

 

 

Руменило     Цена: 955,00 ден.

Моделирај ме!
Нежно руменило во прав со свиленкаста текстура. За природен изглед на дневна светлина и под рефлектори. Со органска јојоба и камилица.

 

 

Течна пудра    Цена: 1.115,00 ден.

Луксузен допир!
Мека кремлива основа со драгоцени минерални пигменти. За кадифен, беспрекорен тен. На вашата кожа и дава свежо и пријатно чувство. Со драгоцено јојоба масло, чапуачу путер и екстракти од калинка. Без парафин и силиконски масла.

 

Компактна пудра    Цена: 1.050,00 ден.

Шик од модната писта!
Совршен финиш со ултра минерални пигменти. За транспарентен и мат изглед. Со органска јојоба и камилица.
 
 
 

  

За Вашите Очи

Загарантиран блескав изглед!

САНТЕ нуди возвишени моменти дури и за чувствителни очи: сенки трио во комплементарни бои, сјајни сенки како моливи, моливи и туш за очи за јасни контури и фантастични маскари за волумен.

 

Сенки за очи-трио    Цена: 955,00 ден.

Истакнување на очи!
Сенки трио во комплементарни бои од посветли нијанси за нежен изглед до потемни нијанси за истакнување на окото. За незаборавни моменти. Со органски јојоба и камилица. Совршено координирана палета на бои.

 

Сенки за очи (молив)    Цена: 690,00 ден.

Возвишен момент!
Цветни, свежи нијанси кои им даваат на вашите очи сјај. Заводливи ефекти од разигран до раскошен изглед. Совет: обидете се да измешате 2 различни бои за подобар ефект.

 

 

Маскара за волумен на трепките    Цена: 965,00 ден.

Драматични трепки!
Природни восоци и прочистени минерални пигменти ги негуваат вашите трепки, истовремено давајќи им неверојатен волумен, драматичен изглед и долготрајна покриеност. Совет: за уште подраматичен изглед, обидете се да ги напудрите вашите трепки пред да нанесете неколку слоја од маскарата.

Туш за очи    Цена: 865,00 ден.

Фина линија!
Туш за очи со специјална четка за оние тренди тенки линии.

 

 

Молив за очи    Цена: 695,00 ден.

Совршени контури!
Нежен молив за очи со посебна текстура. Совршено погоден за употреба на внатрешниот дел од капакот на окото. Со сунѓерче за нежно мешање: создавате софистициран ефект кој ја прави бојата подолготрајна.
 

Молив за веѓи 

Совршени веѓи!
Дајте им на вашите веѓи прецизен лак. Истакнете ги прво контурите, а потоа обликувајте ги со рачна четка.

 

Магија за усни

Брилијатен начин за привлекување внимание:

Заводливи усни со нежни, суптилни нијанси – или интензивен блескав изглед. Од вас зависи. Нашите кармини, сјаеви за усни и моливи за усни, претставуваат недостижна палета од бои и нијанси, кои обезбедуваат заштита и нега, а истовремено ги прават вашите усни сјајни за било каков повод.

Кармини    Цена: 865,00 ден.

Обојте се!
Прекрасни, природни бои, нега на меки усни и нежна заштита. За неодоливи усни. Провидни или интензивни, тренди или класични. Со органска јојоба. Пријателски насочени кон кожата, без синтетички бои, мириси и конзерванси. Совет: за најубави дефинирани усни, истакнете ги контурите на вашите усни нанесувајќи добар дел од моливот за усни. Ова го спречува излевањето на бојата од фините линии на усните.
 

Сјај за усни    Цена: 865,00 ден.

Сјаен бакнеж!
Брилијантен сјај, заводлива нагласеност за сензуални, полни усни. Се нанесува врз самите усни или врз кармин на усните. Сензационален завршеток со хидратантни ботанички масла.
 

 

Молив за усни    Цена: 785,00 ден.

Совршен тим!
Сосема ново: двоен молив за усни со двоен ефект: молив за усни за совршени контури и сјај на усните за секси изглед. Трендовски бои, хидратантна текстура.
 
 
 
 

  

Нокти за шармирање

Последен неизбежен додаток за било каков изглед: исклучителен лак за нокти за комплементирање на вашиот изглед. Во 20 блескави бои кои може да се мешаат и комбинираат со широката палета од бои на кармини за усни. Брзо се суши, долготраен и водоотпорен. Хипоалергенни формули без формалдехид, толуен и колофон.

 

Лак за нокти    Цена: 865,00 ден.

Фасцинантни бои од нежен сјај до истакната боја, од суптилна елеганцијата на францускиот изглед до длабока црвена боја на гламур. Уникатна палета на бои, особено пријателски насочени кон кожата.

 

 

online bookies