САНТЕ e основана во почетокот на 90-те години во Германија. Компанијата "LOGOCOS Naturkosmetik AG", која е сопственик на брендот ЛОГОНА, исто така е сопственик и на брендот САНТЕ.

Денес, САНТЕ е производител на природна и органска козметика со најголем број на иновации и силен потенцијал. САНТЕ предлага иновативни производи, допадливи и прифатливи, што ги задоволуваат очекувањата на модерните потрошувачи. На македонскиот пазар во моментот е присутен помал дел од козметиката САНТЕ. Повеќе информации за САНТЕ козметиката: www.sante.de

Декоративна козметика        SANTE „Family“        Нега на тело        Боја за коса        Нега на заби

           
 
SANTE FAMILY
За повеќе информации превземи: Каталог „SANTE FAMILY“
Производи за нега на целото семејство со вегетаријански состав, без глутен и трендовски активни супстанции. Во согласност со строгите критеруими на NaTrue и BDIH за сертифицирана природна ОРГАНСКА козметика
- без синтетички бои, мириси, конзерванси, парафински масла или било кои други суровини од нафтената индустрија,
- Made in Germany: развиена и произведена во Германија, без тестирања на животни, со врвен ОРГАНСКИ квалитет, препознатлив преку ознаката за органско - „BIO“
- производствениот процес е во согласност со строгите еколошки стандарди и економично користење на рециклирачки материјали за пакување
 
Пакување: 75 ml, Цена: 630,00 ден.  Шифра: 44500 
 
Посакајте добро утро на својата кожа со оваа особено хидратантна крема! Богатиот состав на активни состојки од екстракт на семки од органска калинка и масло од „marula“ (овошје од дрво „лат. Sclerocarya birrea“- кое претежно расте во Африка) ја храни кожата и ја прави нежна и мазна. Ши-путерот на кожата и дава дополнителна хидратација и нега.

Употреба: Нанесете наутро на претходно исчистена кожа на лицето, вратот и деколтето и започнете го новиот ден!
 
Основни активни состојки:
органска калинка: помага да се регенерира кожата, ја потикнува самокорективната функција на кожата, ја подобрува еластичноста на кожата, ја намалува иритацијата на сувата и чувствителна кожа.
• „marula“: богат извор на хидратација, со висока содржина на масни киселини (омега-6, 9) и витамин Е.
ши-путер: ја хидрира, смирува и измазнува кожата, со многу добра подносливост на самата кожа.
 
Посебни карактеристики:
секојдневна нега за целото семејство
• овошен-свеж мирис
• „vegan“ (вегетаријанска) и без глутен
• сертифицирана од страна на „NaTrue“ и „BDIH“
 
Состав: Aqua (Water), Glycine Soja (Soybean) Oil*, Alcohol denat*, Butyrospermum Parkii (Shea) Butter*, Polyglyceryl-3 Dicitrate/Stearate, Glycerin, Cetearyl Alcohol, Isoamyl Laurate, Parfum (Essential Oils), Limonene, Sclerocarya Birrea Seed Oil, Rhus Verniciflua Peel Wax, Punica Granatum Seed Extract*, Sodium Lactate, Xanthan Gum, Sodium Stearoyl Glutamate, Tocopherol, Lactic Acid, Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil*, Rosmarinus Officinalis (Rosemary) Leaf Extract*, Linalool, Citral, Coumarin
* oд контролирано органско производство
 
   

 

 
 
 
Сертификација
NATRUE, BDIH, Санте ознака за органско
  
Други карактеристики:
Веган и без глутен
____________________________________
Производите можете да ги купите преку