ЛОГОНА колекција за бебиња – за нежна и чуствителна кожа

Нежната кожа на вашето бебе е исклучително тенка и содржи многу малку заштитна маст. Просечно кожата на бебињата е пет пати потенка од кожата на возрасните. Заштитните функции на епидермот и киселиот површински слој почнуваат да се развиваат дури од четвртата година. Затоа кожата на вашето бебе е многу чувствителна и брзо реагира на надворешните временски услови, особено на промена на температурата, како и на несоодветното негување на кожата. Логона колекцијата за бебиња е произведена од вниматено одбрани природни органски состојки кои ја хранат и штитат чувствителната бебешка кожа.

Скапоцените екстракти од органски невен и органска камилица ја смируваат кожата, делуваат против воспаление и иритација на кожата, го намалуваат црвенилото, го спречуваат лупењето на кожата, ја регенерираат кожата, помагаат за побрзо заздравување на раните и во уништувањето на широк дијапазон на бактерии, вируси и габи. Богатите растителни масла од органски бадем, јојоба и маслинка ја хидрираат, измазнуваат и хранат кожата.

За нега, заштита и чистење на бебешката кожа, коса и пеленска регија. За ЗДРАВЈЕ на вашето бебе!

 
ЛОГОНА гаранција за квалитет
 
  • Во согласност со строгите критеруими на BDIH за сертифицирана природна козметика
  • Без синтетички бои, мириси и конзерванси
  • Без парафински масла или било кои други суровини од нафтената индустрија
  • Made in Germany: развиена и произведена во Германија
  • Произведена од растителни масла и екстракти од ОРГАНСКО производство и саморастечки растенија со врвен квалитет
  • Развиена и произведена без тестирање на животни
  • Дерматолошки испитана
  • Повеќето од производи се "vegan" (без суровини од животинско потекло), без глутен и без лактоза
online bookies