Длабински хидрира и ја храни сувата и оштетена коса од коренот до врвот. Содржи екстракти од коприва и бреза и растителни масла од јојоба и чичка, кои придонесуваат сувата и оштетена коса да го поврати здравиот изглед и сјај. Иако е првенствено наменет за сува и оштетена коса, повремената примена на препаратот ќе одговара на секаков вид на коса.
 
Употреба: Се нанесува на косата по миење и рамномерно се распоредува. Се остава да дејствува 15 минути и потоа се измива со топла вода.
Состав: Aqua (Water), Glyceryl Stearate SE, Alcohol denat.*, Simmondsia Chinensis (Jojoba) Seed Oil*, Cetyl Alcohol, Behenyl Alcohol, Betaine, Glycerin, Arctium Lappa Seed Oil*, Betula Alba Leaf Extract*, Urtica Dioica (Nettle) Extract*, Carthamus Tinctorius (Safflower) Seed Oil*, Lawsonia Inermis (Henna) Extract*, PCA Ethyl Cocoyl Arginate, Lecithin*, Hydrolyzed Corn Protein, Hydrolyzed Wheat Protein, Hydrolyzed Soy Protein, Leuconostoc/Radish Root Ferment Filtrate, Arginine, Sodium Levulinate, Lauryl Lactate, Mica, Disodium Cocoyl Glutamate, Sodium Cocoyl Glutamate, Sodium Anisate, Sodium Citrate, Citric Acid, Glyceryl Caprylate, Tocopherol, Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil*, Parfum (Fragrance)**, Limonene**, Linalool**, Eugenol**, Citronellol**, Geraniol**, Benzyl Cinnamate**, Cinnamyl Alcohol**, Benzyl Benzoate**, Citral**, CI 77891 (Titanium Dioxide)
* од контролирано органско производство             ** природни етерични масла
 
Пакување: 150 ml, Цена: 805,00 ден. Шифра: 00180

 

 
 
 
BDIH, NATRUE, ЛОГОНА ознаки за органско
 
Без глутен, без лактоза
____________________________________
Производите можете да ги купите преку

Активни состојки


Одлична грижа за кожата

Со својот корен долг 6 метри оваа грмушка е способна да ги издржи и најекстремните температури во американските и мексиканските пустини. Јојоба маслото кое се добива од семето на растението е богато со провитамин А, витамин Е и многу други минерали. Уникатната содржина на масни киселини го прави одлична состојка во производите за нега на кожата. Јојоба маслото има измазнувачки и хидратантен ефект.

Сјај и боја за вашата коса

К'ната расте во северна и источна Африка, но и во поголемите делови од Азија. Потребнa е многу светлина и топлина за да вирее. Во oриенталните држави со векови се уживало во прекрасниот мирис на к'ната. Веројатно поради нејзиниот мирис, к'ната грмушка е многу популарно градинско растение. Лисјата се користат за приготвување на пудра, која од дамнешни времиња се користела за цртање по телото, или за обојување на косата. Индиго е боја помеѓу темно сина и виолетова и е добиена од листовите на ова растение. Потекнувајки во источна Азија и Индија, ова растение е донесено во Европа преку Египет и бргу го заземало местото на другите сретства кои пред него се користеле за обојување. К'ната и индиго листовите интензивно ја бојат и хранат косата.

За кожа и коса

Благодарение на белата боја на нејзината кора, брезата се издвојува помеѓу сите други листопадни дрва. Поради тоа што скромното дрво не бара посебни климатски или почвени услови многу е често во северна и источна Европа. Дури и неандерталците знаеле како да ги искористат уникатните карактеристики на брезата: ја екстрахирале смолата од кората и ја користеле како лепак во изработката на оружје. Лисјата од брезата исто така имаат посебни карактеристики: богати се со витамин Ц и есенцијални масла. Го подобрува тенот, има заздравувачки ефект, ја стимулира циркулација и дава боја. Пастелниот сок од бреза е посебно корисен за косата правејки ја сјајна и свиленкасто мека.

Богат со витамин Е

Растението со неверојатно леплива главичка е важен дел од традиционалната народна медицина, а од неодамна стана важна состојка и во козметиката. Маслото добиено од магарешки трн е богато со витамин Е и бета каротин како и со незаситени масни киселини. Ја стимулира циркулацијата, исклучително ја храни кожата и го балансира нејзиниот метаболизам.