Со природен моментално видлив ефект
„Age Protection“ серумот за лифтинг со екстракт од бобинки на волчји трн („Sea Buckthorn“) и ХИЈАЛУРОНСКА киселина е високо концентриран производ за интензивно третирање на лицето со моментално видлив ефект на затегнување. Овој луксузен серум, со пријатен мирис, содржи висококонцентрирани фитоактивни состојки, вклучувајќи бамбус, готу кола, хамамелис и индиска смирна кои видливо ги намалуваат брчките. Првокласните хранливи состојки, органското масло од јојоба и ши-путерот и даваат на вашата кожа неверојатен мек и свиленкав изглед. Природниот кофеин во комбинација со екстракти од шафран и индиска смирна го активира клеточниот метаболизам, ја зголемува еластичноста на кожата и го спречува настанувањето на брчките.
 
Употреба: Нанасете го серумот во тенок слој на претходно исчистена кожа на лицето, вратот и деколтето наутро и навечер. Потоа нанесете Логона “Age Protection” дневна или ноќна крема.
Состав: Aqua (Water), Alcohol denat.*, Glycerin, Olea Europaea (Olive) FruitOil*, Glyceryl Stearate Citrate, Butyrospermum Parkii (Shea Butter)*, Isoamyl Laurate,Silica, Caprylic/Capric Triglyceride, Brassica Oleracea Italica (Broccoli) Seed Oil*, Prunus Amygdalus Dulcis (Sweet Almond) Oil*, Xanthan Gum, Coffeine*, Hippophae Rhamnoides (Sea Buckthorn) Fruit Extract*, Commiphora Mukul Resin Extract, Alaria Esculenta Extract, Tocopherol, Sodium Lactate, Lactic Acid, Sodium Hyaluronate, Sodium Stearoyl Glutamate, Helianthus Annuus (Sunflower) Seed Oil*, Parfum (Essential Oil), Linalool, Limonene, Citral, Geraniol, Coumarin, CI 77891, CI 77491.
* од контролирано органско производство
Пакување: 30 ml, Цена: 2.015,00 ден. Шифра: 32187

 

 
 
 
BDIH, NATRUE, ЛОГОНА ознаки за органско
 
Веган, без глутен, без лактоза
____________________________________
Производите можете да ги купите преку

Активни состојки


Природна хидратација

Во неговата татковина саваните во Африка, ши дрвото се смета како свето дрво. Во некои легенди се вели дека само жените смееле да го одгледуваат ова дрво, а сечењето на ова растение било строго забрането. Во содржината на плодот има повеќе од 50% масти и затоа од него се добива екстра квалитетен путер за кожата, светски познат заради хидратантниот и измазнувачки ефект кој и го дава на кожата.

Нежна нега на кожата

Бадемовото дрво е едно од најстарите одгледувани дрва на светот. Со потекло од Кина, бадемовото дрво постепено се носело на запад од трговците. Според некои легенди, лебот на фараоните од Египет им бил приготвуван со бадем. Бадемовото масло е неверојатно корисно за кожата бидејќи е многу нежно, лесно се апсорбира и има хранлив и измазнувачи ефект.

Богати со заштитни витамини

Бобинките од волчји трн се со светло портокалова или со сончево жолта боја. Количината на витамин Ц која ја содржат е неколку пати поголема од онаа содржана кај портокалот или лимонот. Високото ниво антиоксиданси во овој плод силно учествува во антивоспалителните процеси и на тој начин и помага на кожата да изгледа подолго помлада. Ја зголемува еластичноста на кожата и ја оддржува мека и флексибилна. Има и смирувачки и заздравувачки ефект.

Антисептична смола

Заедно со златото и темјанот, смирната се смета дека е еден од даровите за Исус од Трите Кралеви. Вредната смола добиена од ова дрво била многу ценета и од египетските фараони. Денес, не само што е позната смирната по нејзиниот карактеристичен и ароматичен мирис, туку и смолата добиена од неа се користи како полнач за брчки од висок квалитет бидејки ја остава кожата мазна. Смирната има и антивоспалителен и антисептичен ефект.

За оптимална влажност

Хијалуронската киселина се добива преку биотехнолошки процес и е многу ефикасно хидрирачко средство бидејки може да апсорбира повеќе вода од било која друга супстанца. Хијалуронската киселина освен што ја апсорбира водата остава и корнеоцитен слој на кожата, борите се пополнуваат и кожата станува мека и мазна.

За подмладување на кожата и косата

Надвор од неговата азиска татковина, брокулата била долго време непозната. Претседателот Томас Џеферсон самиот ја донел во Америка во 18-ти век и ја насадил на неговата фарма како експеримент. Во денешни времиња бролокулата ужива голема популарност поради високата вредност на минерали, калиум, калциум и витамини. Корисните состојки во брокулите ја зголемуваат еластичноста и флексибилноста на кожата, а на косата и даваат убав сјај.

За свежа, ревитализирана кожа

Причината зошто кафето е стимулант се објаснува со неговата кофеинска содржина. Освен како расонувач наутро, кофеинот се користи и во природната козметика за да го стимулира метаболизмот на кожата и да ја подобри циркулацијата.