Зелена сила наместо коктел на хормони

Истражувањето на BUND (види линк: http://www.bund.net/fileadmin/bundnet/publikationen/chemie/130723_bund_chemie_kosmetik_check_studie.pdf) во Германија предизвика вистинска сензација. Една третина од производите на водечките светски производители на козметички производи содржат опасни хормонски материи.

BUND ( Германската асоцијација за животната средина и природата) e најголемата еколошка организација во Германија. Во јули 2013 излегоа резултатите од нејзината голема студија за присутноста на хормонските соединенија во козметичките производи. BUND извршил испитување на 62.559 козметички производи на големите брендови кои се продаваат во Германија. Истражувањето покажа: околу една третина од козметичките производи содржат соединенија со хормонално дејство кои се опасни по здравјето. Тоа се 15 различни хемикалии, кои Европската комисија ги постави во листата на хормонски материи со највисок приоритет. За опасноста на сите овие соединенија има докази од спроведените експерименти со животни.

Како дејствуваат хормонските хемикалии?

Хормонските хемикалии се супстанции кои дејствуваат во телото како природните хормони. Тие предизвикуваат здравствени проблеми, кои во последниве години се зголемуваат во целиот свет како што се намалување на квалитетот на спермата, ракот на дојката, простата, тестисите, како и предвремен пубертет кај девојчињата. Претежно се засегнати жените, малите деца и младите во пубертетот. Овие супстанции се акумулираат во текот на развојот и во текот на целиот живот.

Најважните резултати од истражувањето на BUND (види линк: http://www.bund.net/fileadmin/bundnet/publikationen/chemie/130723_bund_chemie_kosmetik_check_studie.pdf):
• 30% од сите испитани козметички производи содржат хормонски соединенија
• Секој петти производ содржи повеќе од една хормонска супстанца

• Скоро половината од производите на водечките светски производители L'Oréal и Beiersdorf (Nivea), односно 45% и 46 % содржат хормонски соединенија.
• најопасната хормонска хемикалија Methylparaben (конзерванс) е вклучена во секој четврти производ
• Ниту еден од производите на LOGONA и SANTE не содржи ниту едно хормонско соединение .

 

Што претставуваат хормонските хемикалии?
Во почетокот на 2013 година Светската здравствена организација ги објави хормонските хемикалии за светски проблем. Идентификувани се 550 хемикалии, меѓу кои DDT, фталати, бисфенол и друти . Тоа се синтетички соединенија кои дејствуваат како природни човечки хормони - сексуалните хормони, естрогените кај жените и андрогените кај мажите. Хормонските хемикалии не се отровни веднаш при конзумирањет, но со акумулирање во човечкиот организам имаат исклучително силно влијание врз здравјето и однесувањето на човекот. Дури и во мали дози ефектот им е многу силен.

Што предизвикуваат?
Тие предизвикуваат здравствени проблеми, кои во последниве години се зголемуваат во целиот свет и тоа:
- Рак на дојка, простата и тестиси
- Предвремен пубертет кај девојчињата
- Намалување на работоспособноста
- Намалување на концентрацијата
- Дијабетис
- Дебелината
- Влошување на циркулација на крвта
- Предвремен пубертет кај девојчињата
- Астма
- Алергија

Една од причините за да 40 % од мажите во Европа имаат проблеми со квалитетот на спермата се хормонските хемикалии.

Коктел од хемикалии
Парабени во шампонот и пастата за заби
UV филтер во препаратите за сончање
Резорцинол во бојата за коса
Фталат во геловите за туширање
Бутилхидроксианизол

Кои се хормонските хемикалии во козметичките производи?
- Конзерванси: methylparaben, ethylparaban, propylparaben, buthylparaben
- UV филтри - Ethylxehyl Methoxicinnamate, 4-Mthylbenzyliden Camphor 3 Benzylidene Camphor
- UV абсорбенти: Benzophenone -1, Benzophenone -2
- Пигменти во боите за коса: Resorcinol
- Регенератори и фиксатори за кожа и коса: Cyclotetrasiloxane
- Антиоксиданти: Butylhydroxyanisol (BHA)
- Антибактериски супстанции: борна киселина
- Денатурирани супстанци: Dietylphtalate
- Средства за миење на тело: Hydroxybiphenyl
- Заштитни средства: Dihydroxybiphenyl

 

Како да дознаете дали еден производ содржи хормонски супстанци?

На два лесни начини:
1. На интернет страницата на BUND (види линк: http://www.bund.net/themen_und_projekte/chemie/toxfox_der_kosmetikcheck/kosmetikcheck_online/) има посебно поле. Внесете ги цифрите на бројот кој е под баркодот на секој козметички производ и ToxFox ќе ви каже дали има или нема хормонски супстанци.

2. Можете да инсталирате бесплатна апликација за мобилен телефон:

- ToxFox за Андроид (види линк: https://play.google.com/store/apps/details?id=de.bund.toxfox&hl=en).

- ToxFox за iPhone (види линk: https://itunes.apple.com/en/app/toxfox-der-kosmetik-check/id665200272?mt=8&ign-mpt=uo%3D2)

Со едноставно снимање на баркодод на производот апликацијата ќе ви покаже црвено впечатливо - да, има и испишани хормонските хемикалии кои се содржани или зелена лист - не, нема.

Хормонските супстанци се само дел од хемискиот коктел кој се содржи во конвенционалната козметика. Покрај нив има уште голем број соединенија кои се опасни по здравјето: парафини, полиетиленгликол, содиум лауреат сулфат и многу други.

 

Резултати од истражувањето на LOGOCOS (LOGONA и SANTE) производите

Во ниту еден од 426 испитани производи на LOGONA и SANTE од BUND не е најдено хормонско соединение. LOGOCOS (LOGONA и SANTE) е еден од многу ретките брендови со 100% загарантиран асортиман на производи поради што корисниците целосно може да му се доверат.

Заштита: Природна органска козметика LOGONA и SANTE !

Извор: http://armina-bg.com/blog/item/toxfox-toksichnata-lisitza.html