Парабените предизвикуваат брчки и предвремено стареење 29/08/2005- Истражувачите од медицинскиот универзитет во Јапонија утврдиле дека methylparaben, често користениот  конзерванс во козметиката предизвикува појава на брчки и други знаци на стареење кога ќе се изложите на ултравиолетово зрачење т.е сончева светлина.

Парабените кои во научните студии често се поврзуваат со хормонските пореметувања, алергиите и ракот се наоѓаат во голем спектар во козметичките производи и средствата за хигиена. Истражувачите од медицинскиот универзитет во Кјото велат дека се посебно загрижени поради препаратите за нега на лице кои секојдневно се употребуваат. Парабените се наоѓаат во шминките, кремите, лосионите, млекото за сончање и што е најголема иронија во препаратите за спречување на стареење на кожата (Age Protection).

Мое мислење е дека жените треба да го избегнуваат сонцето доколку мораат да користат козметика која содржи methylparaben, изјавил професорот Toshikazu Yoshikawa за списанието Asahi Shimbun. Според известувањето од ова списание, истражувачите нанеле на кожа methylparaben во слични количини кои се наоѓаат и во козметиката. После нанесувањето, кожата ја изложиле на ултравиолетово зрачење, во дози еквивалентни на просечното дневно изложување на сончево зрачење (30 милиџули на ултравиолетови зрачења по квадратен сантиметар). Резултатите покажале дека 19 % од изложените клетки изумреле, додека процентот на изумрените клетки без methylparaben бил помал од 6 %. Исто така, количината на липид пероксидот (материја која го забрзува стареењето на кожата) е три пати зголемена во однос на клетките на кожата кои не биле третирани со methylparaben. Истражувачите веруваат дека овие резултати значат побрзо настанување на брчки, темни флеки и други знаци на стареење. Во минатото, фамилијата на парабени е поврзана со алергиите, хормонските пореметувања, ракот, посебо ракот на дојката кај жените.

Како резултат на тоа, производителите се повеќе го избегнуваат користењето на парабените.

Извор:Asahi Shimbun

За повеќе информации кликни: Тука ...