Студиите покажале дека антиперспирантите и дезодорансите и не се така безопасни.
 

Дали сте се запрашале дали стикот кој секојдневно го користите го загрозува вашето здравје?

Дали атиперспирантите и дезодорансите се тивки убијци?

Антиперспирантите и дезодорансите имаат различен состав, различен механизам на делување и различно дејство. Додека антиперспирантите ги затвараат порите со помош на хемијата што ја содржат, дезодорансите не го спречуваат потењето, меѓутоа повторно по хемиски пат ја сузбиваат непријатната миризба. Најновите студии покажуваат дека со спречување на нормалниот акт на потење, одите спротивно од нормалните метаболни фунции. Што значи тоа? Со затварањето на порите, спречено е губењето на топлина, а со тоа расте и температурата на самото тело. Најголем број на антиперспиранти содржат алуминиум, кој се апсорбира и навлегува во крвотокот. Еден дел од овој алуминим се таложи во мозокот и е поврзан со појавата на Алцхајмерова болест. Од друга страна под пазувите се наоѓаат лимфни јазли, кои се директно подложни на дејството на овие отрови. Голем број на дезодоранси содржат парабени ( метилпарабен, пропилпарабен исл), кои со континуирано дејство, доведуваат до појава на рак на дојката. Обдукционите испитувања на жени со карцином на дојка, потврдуваат присуство на парабен во оштетеното ткиво на градата.


Како да се заштитите?
Задолжително користете природни производи, без парабени и алуминиум во својот состав. Пред да купите, прочитајте го составот. Не е доволна само ознаката BIO, за да го докаже квалитетот на производот. Купувајте здравје и следете го биолошкиот ритам на вашето тело.

Види производи ...