Желба на секој родител е неговото бебе да биде чисто и да мириса убаво. За тоа е свесна и хемиската индустрија, која во бебешките препарати додава мириси, со цел да ја зголеми потрошувачката. За да се продолжи рокот на траење во бебешките производи се додаваат конзерванси т.н парабени.

Што всушност претставуваат парабените?

Парабенот претставува најефтин облик на хемикалија која се користи за продолжување на рокот на траење на производите, бидејки делуваат бактерицидно и фунгицидно. Направените истражувања кај возрасни индивудуи, укажуваат на корелација помеѓу користење на хемиски препарати збогатени со парабени и појавата на туморски лезии.


После раѓањето бебешката кожа е недоволно заштитена и изложена на дејството на надворешни фактори. Епидермалниот слој на кожата е многу тенок и пропустлив, па штетните состојки и хемиски активните материи многу лесно може да навлезат до дермисот , кој уште не е потполно изграден. Резултат од оваа реакција е оштетување на сврзните влакна и клеточните елементи, со што кожата станува иритирана и склона кон лупење. Токму затоа при изборот на бебешка козметика, треба да се внимава истата да е без: мириси (при допир на мирисот со сончеви зраци, настанува хемиска реакција, при што доаѓа до појава на флеки), парабени (кои се високо алергени и потенцијално канцерогени), УВ фактори (наместо нив треба да се користат минерали како цинк оксид, титаниум оксид), минерални масла (парафин), формалдехиди (делуваат како клеткини отрови). Овие штетни состојки постепено ја уништуваат кожата, ги намалуваат природните одбранбени механизми, предизвикуваат сериозни промени, кои за жал може да бидат и трајни. Затоа купувајте природно, зачувајте го вашето и здравјето на вашето бебе!

Види производи ...