Нането ( menthа piperita) е една од најпознатите лековити билки, која отсекогаш се користела во народната медицина. Лековитите особини кои порано не биле научно потврдени, денеска се испитани преку многуб ројни научни истражувања.

Степенот на лековитост на нането е докажан преку степен на ефективност во лечењето на многу гастроинтестинални, респираторни, мигренозни како и дерматолошки заболувања. Истражувањата го докажуваат : антисептичкото, антибактериското, антивирусното, антиинфламаторно и адстригентно дејство на оваа билка.

Напредни студии покажале дека листот од оваа билка содржи важни соединенија како : menthol, menthone, menthyl acetate, menthofuran, и limnone кои делуваат антибактериски врз бројни бактерии предизвикувачи на акни како: Pseudomonas aeruginosa , која најчесто се пренесува преку загадена вода, Staphylococcus aureus предизвикувач на folliculitis, Propionibacterium acnes и др.

Во природните козметичките прозиводи се наоѓа во количина која дозволува негова долготрајна употреба без појава на нус ефекти.

Види производи ...