BDIH - ГЕРМАНСКИ СEРТИФИКАТ
  
Од февруари 2001 година, по четиригодишна подготовка, BDIH формулираше еден пакет на основни инструкции кои производите мораат да ги исполнуваат за да го добијат овој BDIH сертификат. Производителите мораат да ги подложат своите производи на анализа во независни лаборатории. Ако лабораториските резултати ги исполнуваат основните услови, тогаш производот добива BDIH сертификат.
Повеќе информации за овој BDIH сертификат се достапни на следнава адреса: www.kontrollierte-naturkosmetik.de
 
1. Ботанички состојки
Користењето на ботанички состојки секогаш кога е возможно е охрабрено. Растенијата треба да се контролирано органски одгледувани или да се саморастечки-сертифицирано набрани.
BDIH не бара прецизен процент на органски состојки во финалниот производ, туку задолжително наложува некои основни состојки да потекнуваат од органско земјоделие. BDIH наложува овие состојки да бидат со задоволителен квалитет и квантитет.
Маслото од јојоба или од маслинки, ектрактот од календула или етеричното масло од розмарин, користени во еден сертивициран BDIH производ секогаш мора да се органски.
Листата на задолжителни органски состојки се зголемува сразмерно со расположивите органски состојки со задоволителет квалитет и квантитет.
ЛОГОНА и САНТЕ ги означува органските состојки со ѕвездичка. Листата на органски состојки е зачудувачка.
 
2. Заштита на животните и тестирање врз животни
Никакво тестирање врз животни не е дозволено без разлика дали е тоа производителот или некое друго лице. Употребата на нус производи од животинските 'рбетници како што се желкино масло, масло од визон, масло од мрмот, животински масти, животински колаген или свежи клетки, не е дозволено.
 
3. Минерални состојки
Употребата на неоргански соли, како што е магнезиум сулфат и минерални состојки, како што е натруим хлорид, е генерално дозволено.
 
4. Суровини со ограничена употреба
За производство на природна козметика, дозволено е да се користат компоненти кои се екстрахирани преку хидролиза, хидрогенизација, естерификација или трансестерификација или кондензација од следниве природни суровини:
- масла, масти и восоци
- лецитин
- ланолин
- моносахариди, олигосахариди и полисахариди
- протеини и липопротеини
Употребата на суровини е регулирано со позитивната листа за развој и производство на сертифицирана природна козметика.
 
5. Не е дозволено користење на следиве суровини:
- синтетички бои
- синтетички мириси
- етоксилирани суровини
- силикони
- парафин и други нафтени производи
Критериум за дозволени мириси е ISO стандард 9235.
 
6. Конзерванси
За да се обезбеди микробиолошка безбедност на производите, одредени конзерванси кои се идентични со природните, може да се користат заедно со природните конзерванси. Тоа се:
- бензоева киселина и нејзини соли и етилестри
- салицилна киселина и нејзините соли
- аскорбинска киселина и нејзини соли
- бензил алкохол
Кога еден производ содржи од овие конзерванси тие мора да бидат означени на пакувањето со „конзервирано со ... (име на конзервансот)“
 
7. Радиоактивно зрачење
Забрането е да се дезинфицираат поединечни суровини и готови козметички производи со радиоактивно зрачење.
 
8.Сертифицирана природна козметика
Независна контрола институција потврдува дека сите горенаведени критериуми се исполнети. Сертификатот BDIH се користи за означување на производи кои ги исполнуваат горенаведените критериуми.
 
BDIH исто така препорачува усогласеност со следниве дополнителни критериуми:
- потполно откривање на состојките
- транспарентост и едукација на потрошувачот
- неприфаќање на генетски инжињеринг
- еколошка одговорност - користење на состојки и амбалажи кои се прифатливи за животната средина
- општествена одговорност во однос на домашните работници и добавувачите на суровини од третиот свет